Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган на главниот влез на претседателската палата во Анкара го пречека Рама.

На почетокот на церемонијата за пречек беа интонирани химните на двете земји, а потоа Рама ја поздрави претседателската гарда.

Ердоган и Рама меѓусебно ги поздравија делегациите, кои потоа се сликаа покрај знамињата на Турција и Албанија.

По тет-а-тет и меѓуделегациските сребди, Ердоган и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.

На оваа церемонија од турската страна беа присутни турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за животна средина и урбанизам, Мурат Курум; министерот за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу; министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу; министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој; министерот за национално образование, Зија Селчук; министерот за здравство, Фахретин Коџа, и министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу.