Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва ја стресе централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 20.53 часот, бил на 43 километри источно од Анкара, на длабочина од седум километри, објавено е на веб-страницата на ЕМСЦ.