За осум дена е инаугурацијата на Џо Бајден.

Но, дотогаш можеше да се случи многу  работи. Прво и најважно, прашање е дали Доналд Трамп сепак ќе ја дочека инаугурацијата како претседател. На инаугурацијата ќе присуствуваат 15.000 војници на Националната гарда, а Си-Ен-Ен пишува дека Пентагон во Вашингтон Д.Ц. до 16 јануари планира да донесе уште 10 илјади.

Во Вашингтон моментално има 6.200 припадници на Националната гарда кои се веќе мобилизирани заради групата приврзаници на Трамп.

Уште еден обид за соборување на Трамп.

Демократите во Конгресот на САД денес започнаа втор обид за соборување на претседателот Доналд Трамп, повикувајќи на резолуција со која се повикува на негово отповикување за поттикнување немири откако неговите поддржувачи го нападнаа Конгресот минатата недела, при што загинаа пет лица.

Претставничкиот дом треба да разговара за ова веќе во среда. Доколку предлогот биде изгласан, Трамп ќе стане единствениот претседател во американската историја, кој двапати ќе биде отповикан во долниот дом на парламентот. Имено, лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Стени Хојер, објави дека Претставничкиот дом ќе се состане во среда за да гласа за повлекување на претседателот Доналд Трамп.

Претседателот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, многу демократи и мал број републиканци сметаат дека на републиканскиот претседател не треба да му се дозволи да го издржува својот мандат, кој завршува на 20 јануари. „Заштитувајќи го нашиот Устав и нашата демократија, ќе дејствуваме итно, бидејќи овој претседател е директна закана за двајцата“, изјавила Пелоси пред демократите во неделата.

Како доаѓа до отповикување,  а како до смена? 

Трамп веќе еднаш беше отповикан. Мнозинскиот Демократски представнички дом на Конгресот гласаше за отповикување на Трамп во 2019 година за притисок врз Украина да го истражи Бајден, но Сенатот со мнозинство републиканци беше против.

Имено, иако македонскиот збор „отповикување“ сугерира дека некој повеќе не е на должност, тоа не е така. Отповикувањето прво се гласа во Претставничкиот дом, кој е дел од Конгресот. Ако помалку од половина од пратениците гласаат за отповикување, Трамп останува претседател до 20 јануари. Ако мнозинството гласа за повлекување, работата оди понатаму – до Сенатот. Тогаш гласањето е во Сенатот.

Ако помалку од две третини од пратениците гласаат против смена на претседателот, Трамп останува во Белата куќа до 20,1. Ако за смена бидат две третини од сенаторите, претседателот е отстранет и потпретседателот привремено ја презема неговата улога.

Републиканците не сакаат да се активира 25-тиот амандман

Републиканците претходно го блокираа предлогот веднаш да се разгледа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го активира 25-тиот амандман за смена на претседател кој веќе не е способен за функцијата и кој никогаш порано не бил користен. Долниот дом треба да гласа за резолуцијата во вторник со која се повикува на активирање на 25-тиот амандман.

Пенс и неговите колеги републиканци досега не покажаа интерес за тоа. Десетина лица беа уапсени за немирите Десетици луѓе кои нападнаа полицајци, украдоа компјутери и искршија прозорци на Капитол се уапсени за вмешаност во насилството и отворени се 25 истраги за домашен тероризам.

Трамп објави видео порака по нападот во која помирливо потврди дека новата администрација ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, но не се појави во јавноста. Твитер и Фејсбук ги суспендираа неговите профили поради ризик од поттикнување насилство. Пратеникот Џим МекГоверн, претседател на Комитетот за деловник на Претставничкиот дом, изјави дека очекува расправата за предлогот за отповикување на претседателот да се одржи уште во среда и верува дека таа ќе биде усвоена. „Она што го стори претседателот беше бескрупулозно и мора да одговори“, изјавил тој за Си-Ен-Ен. ФБИ издаде сериозно предупредување Документ на ФБИ беше објавен во јавноста во понеделникот, во кој се предупредува на можноста за напади од вооружени групи низ САД.

Како што напишал на Твитер истражувачкиот новинар на АБЦ Newsуз, Арон Катерски, во документот на ФБИ што го добил се вели дека ФБИ „добил информација за идентификувана група за оружје што планирала патување во Вашингтон на 16 јануари“. „Тие предупредија дека ако Конгресот се обиде да го отповика претседателот на Соединетите држави со помош на 25-тиот амандман на Уставот, ќе има огромно востание“, се вели во документот на ФБИ. Вооружената група повикува на „упад во државните, локалните и федералните владини канцеларии и административните згради во случај Трамп да биде отповикан пред инаугурацијата“, се вели во документот.

„Протести на вооружени групи се планирани пред сите 50 згради на државниот парламент од 16 јануари до 20 јануари и пред Капитол од 17 јануари до 20 јануари“, се вели во документот на ФБИ. Предупредување до државната и локалната полиција Според „Јаху њуз“, ФБИ ги предупредила државата и локалната полиција за можно насилство загрозено од екстремно десничарски групи. Предупредувањето беше издадено од канцеларијата на ФБИ во Минеаполис и беше издадено една недела пред толпата на Трамп да упадне во зградата на Капитол во Вашингтон, каде се сместени американскиот Конгрес и Сенатот. Предупредувањето се однесува на протести што ги повикаа екстремните десничари.