Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри прогласувањето вонредна состојба за Вашингтон, која треба да трае до 24 јануари, соопшти денеска Белата куќа. Ова беше сторено откако службите предупредија на безбедносни закани за време на инаугурацијата на Џо Бајден следната недела, пренесува Ројтерс.

Вонредната состојба ја прогласи градоначалникот на Вашингтон, Муриел Бусер, минатата среда, по упадот на демонстрантите во Конгресот, и затоа што после тоа започнаа да се појавуваат информации за планираните немири за време на инаугурацијата, пишува американски Политико.

Како што е наведено, прогласувањето на вонредна состојба ќе им овозможи на Одделот за национална безбедност и Федералната агенција за управување со вонредни состојби да му помогнат на градот во секоја вонредна ситуација.

Во неделата, Бусерова побара од Секретарот за национална безбедност Чад Волф да ја одобри декларацијата пред да дојде до катастрофа, како и да го продолжи ангажманот на американската тајна служба за инаугурацијата од 11 јануари до 24 јануари, наместо претходно планираните 19 и 21 јануари, пренесува Танјуг.

Волф поднесе оставка непосредно пред Трамп да ја одобри вонредната состојба, наведувајќи проблеми со неговото назначување, а „Политико“, повикувајќи се на неименуван извор, рече дека тоа го сторил заради настаните од минатата недела.

sputniknews