Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, информираат од Владата.

Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.