Турканици, бучава општ хаос.Вака заврши денешниот карневал во Вевчани кој започна исто како претходните, мирно и празнично. Откако на сред село продефилираа маските на василичарите, полицијата која оваа година обезбедуваше засилено почна да ги растерува и присутните и маскираните.  

Сепак за време на дефилето атмосефрата во Вевчани беше мирна во духот на традицијата.Посетителите чиј број беше многу помал од лани не држеа растојание но носеа маски, додека дел од василичарите носеа по две, едната за заштита од ковид другата карневалска.

Но, и нивниот број за разлика од ланските години беше значително помал,сепак доволен за тензично и негативно за прв пат да заврши вековниот карневал.

Годнишнето ддефиле помина во знакот на пандемијата од ковид 19 и ветото од Бугарија. Вевчанци ја создаваа вакцината против корона вирусот и предвидуваа што ќе се случи во иднина на разгворите со источниот сосед.

Општината  апелира вевчанци вечерва да се воздржат од посети по домовите и групирања со кои би ги прекршиле протоколите.Ова е прво издание на карневалот да заврши со вакви големи тензии и инциденти.

Градоначалникот потсетува дека уште пред три недели биле откажани сите активности, но…

„Но, сами знаете дека Вевчани тешко може некој да го спречи…“

На овој начин, велат во селото, макар и симболично успеале и годинава да ја одржат традицијата која е стара повеќе од 1450 години.

Извор:24vesti.mk