Меѓу приведените лица во Вевчани по денешната акција на полицијата и ЕБР е и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Вевчани, Ѓорги Влајнкиноски.

Тој на Фејсбук објави фотографија во полициското комбе и напиша: „Денес бев апсен. За ништо, се разбира. Нема страв, нема предавање. Има полициска бруталност, ама ќе им помине. Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви благодарам за пркосот кон полициската бруталност. Да живее Вевчани, да живе Македонија“, објави Влајнкиноски.