Фотографиите кои најдобро ја опишуваат атмосферата од моментот во американската престолнина се направени во ходниците на Капитол, каде во моментот додека се одвиваше дискусијата за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Имено, лидерот на демократското мнозинство, Стени Хојер, конгресмен од Мериленд, беше снимен како минува покрај припадници на Националната гарда додека влегуваат во Конгресот, како одмараат лежјќи во ходниците на законодавниот дом на САД.

Фотографиите ја илустрираат атмосферата во која се одвива обидот за разрешување на Трамп. Доказ е поделбата, но и нестабилноста што владее поради невидената напнатост по претседателските избори и во пресрет на инаугурацијата на Џо Бајден.

Националната гарда на областа Колумбија доби дозвола за вооружување на трупите што ќе бидат распоредени на безбедносните должности во американскиот Капитол. Се очекува во наредните денови од областа да дежураат најмногу 15.000 членови на гардата, кои ќе ги поддржат припадниците на безбедносните сили во врска со инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.