Едно лице загина денес, а десетина се повредени во Јапонија. Најмалку 134 автомобили учествувале во неколку сообраќајни несреќи. Околу 200 лица биле заробени поради снежна бура што погодила дел од автопатот.

 

 

Судирот се случил на експресниот пат Тохоку во северната префектура Мијаги околу пладне. Несреќата се случила на делница долга околу 1 км. Спасувачките операции сè уште траат, изјавил јапонскиот генерален секретар на Владата, Кацунубу Като. Јапонската агенција за итни случаи исто така потврди дека околу 200 лица биле заробени во судирите на патот поради невремето, од кои 12 биле испратени во болница.

Делови од Јапонија беа погодени од многу обилни снежни врнежи во последните неколку недели, а властите воведоа ограничување на брзината од 50 км на час на патиштата поради снегот што ја намали видливоста, но тоа не беше доволно за да се спречат овие несреќи. Снежните бури деновиве и се закануваат на северната хемисфера, а особено на Далечниот исток.

Извор:24sedam