Грчкиот парламент денес расправаше за проширување на територијалните води во Јонското Море, одлука што може да предизвика нови тензии со Турција во спорот околу дупчењето на гас во источниот Медитеран.

Грчката влада предложи проширување на границата на државната територија на западот на земјата од 6 на 12 наутички милји. Тоа ќе ја зголеми суверената територија на Грција за 13.000 квадратни километри или околу 10 проценти, им рече министерот за надворешни работи Никос Дендиас на пратениците на почетокот на денешната дебата.