По едни од најконтроверзните претседателски избори и транзициски периоди во историјата на САД, Демократот Џо Бајден денеска попладне треба да даде заклетва и да ја преземе должноста претседател, на скалите на Капитол, под силно обезбедување во Вашингтон.

Кога ќе ја стави раката на Библијата, 78-годишниот Бајден ќе стане најстарата личност што дала заклетва како американски претседател и кратко потоа ќе влезе во Белата Куќа, заменувајќи го Доналд Трамп и станувајќи 46-ти претседател на земјата.

Прв пат во 152 години, претседателот во заминување, во случајов Трамп, нема да присуствува на инаугурацијата, иако поранешните шефови на државата Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Барак Обама треба да бидат таму кога претседателот на Врховниот Суд Џон Робертс ќе ја раководи заклетвата на Бајден на новата функција.

Поранешниот претседател Џими Картер, кој има 96 години, рече дека нема да може да присуствува на церемонијата. Потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс, изјави дека ќе биде таму, како и многу други републикански конгресмени.

Историја ќе се испише кога 56-годишната Камала Харис ќе положи заклетва како потпретседател и ќе стане прва жена и прва обоена личност на таа функција.

Уникатна инаугурација на Џо Бајден
Извор:PCE