Додека јануари носи снег во многу делови на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено, сепак, овие денови ситуацијата е поинаква. Снег падна во пустината Сахара, како и во Саудиска Арабија, каде температурите паднаа на минус три степени.

На снимката се гледа тенок слој снег кој ги покрива песочните дини во Сахара. Алжирските овчари ги воделе своите овци низ снегот. Таа област, Аин Сефра, позната како Порта на пустината, се наоѓа на 1.000 метри надморска височина и е опкружена со планината Атлас.

Снежните сцени сепак ги воодушевија Саудијците, кои меѓу другото во голем број се упатија кон пустината во регионот Асер за да фотографираат. Инаку, снегот и мразот се многу ретки во пустините, но не и целосно невозможни. Во оваа област, температурата не падна под нулата веќе 50 години.