Масовната вакцинација на населението започна во Романија, а некои министри беа меѓу првите кои беа вакцинирани. Најголемо внимание при вакцинацијата привлече министерот за образование и поранешен премиер Сорин Цимпеану, ни помалку ни повеќе, поради стајлингот.

Имено, романскиот министер за образование, Сорин Цимпеану привлече големо внимание за време на вакцинацијата затоа што носел специјална кошула. За време на вакцинацијата во воената болница во Букурешт, кога требало да ја соблече кошулата или да го засука ракавот, министерот Цимпеану покажал дека има посебен „отвор“ на неговата кошула, односно на неговиот ракав.

Специјално дизајнираната кошула за оваа пригода му овозможува на министерот да не се замара со соблекување и облекување, особено што е вакциниран пред камера. Медицинската сестра која требаше да му ја даде вакцината била фасцинирана и само малку се насмевнала. Јавноста во Романија, и пошироко, внимателно го следеше овој моден стил на поранешниот премиер, а видеото веднаш започнало да се споделува на социјалните мрежи.