За време на протестот против новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, имаше судири меѓу граѓаните и полицијата на повеќе места во Сиетл. Полицијата ивршила најмалку три апсења, додека околу 100 демонстранти со графити, искршени прозорци, па дури и го запалиле американското знаме, и на сето тоа го скршиле за првпат и локалот на Старбакс.

На видеата се гледа како луѓето скандираат за верност кон „Антифа“, додека го осудуваат изборот на левичарскиот претседател Бајден. Некои изјавиле дека излегле на улица затоа што се згрозени што новиот претседател „повика на единство“, а не напад врз нивните десничарски противници. – Повик за единство со луѓе кои активно сакаат да им наштетат на луѓето е одвратно – сметаат демонстрантите.

Хаосот во Сиетл се случи кога граѓаните повторно се судрија со полицијата во Портланд, Орегон, каде исто така јасно ставија до знаење дека се противат на новиот претседател. Едно од трите апсења во средата вечерта беше поради провала и материјална штета во историската кафетерија, се додава во полицискиот извештај.