Арапската обнови дел од своите активности во Дамаск, за прв пат од ноември 2011 година, кога министрите за надворешни работи на земјите-членки на оваа организација одлучија да го прекинат членството на Сирија. Минатата недела, Арапската унија за производство и индустрија ја отвори својата регионална канцеларија во главниот град на Сирија за време на церемонијата што се одржа во тамошната Опера под покровителство на сириското Министерство за труд и социјална помош.

Овој синдикат е член на Советот на арапско економско единство во рамките на Арапската лига и има за цел да ја промовира социјалната економија, помагајќи им на семејствата и на работниците од мал бизнис, заедно со традиционалните сектори на арапската економија. Синдикатот работи и на помош на невработените и на подобрување на животниот стандард. Откако Башар Ел-Асад Асад ја врати контролата врз главниот град и поголемиот дел од сириската територија во 2018 година, обновени се напорите за враќање на Сирија во Арапската лига. Кон средината на јануари годинава, саудискиот министер за надворешни работи принцот Фаисал бин Фархан ал-Сауд ја посети Москва за да разговара со неговиот руски колега Сергеј Лавров. Лавров тогаш им изјави на новинарите дека Москва и Ријад се договориле за неколку елементи поврзани со Сирија, вклучително и „нејзиното враќање во семејството на Арапската лига“, според медиумите.

На 7 февруари, сирискиот министер за надворешни работи Фаисал ал-Макдад ги прими акредитивните писма на Ахмед Ади Мухамед ал-Рази, новиот амбасадор на Мавританија во Дамаск. Тоа е трета арапска земја по ред што повторно воспостави дипломатска работа во Дамаск, откако претходно ОАЕ и Бахреин го сторија тоа.