ОАЕ влегоа во историјата во вторникот вечерта кога се приклучи на елитниот клуб од пет нации кои испратија вселенско летало на Црвената планета. Шеикот Мохамед бин Зајед, престолонаследник на Абу Даби и заменик врховен командант на вооружените сили и шеикот Мохамед бин Рашид, потпретседател и владетел на Дубаи, лично им се заблагодарија на персоналот од контролата на мисијата во Дубаи. Шеикот Мохамед изјави дека светлите млади Емирќани кои ја предводеа мисијата беа “дел од генерација што нè прави горди. Вие ја извадивте нашата чест и нашата репутација до Марс”.

Сондата Надеж (Амал на арапски јазик) беше лансирана од Јапонија во понеделникот, 20 јули, 2020 година.

Набљудувачкиот сателит кој тежи 1,3 тони, на Марс пристигна стигне за 200 дена.

„Ова е подарок на ОАЕ за светот и е показател дека ОАЕ со арапскиот свет има капацитет да постигне големи успеси“, рече министерот за образование на ОАЕ, Хусеин ал Хамади, пред лансирањето на сателитот.