„Трицикл ЕЛМ 1Д“  и „Трицикл ЕЛМ 1Б“ може слободно да се каже дека македонски бренд на трицикли, целосно произведени во Подгорци-Струшко, во работните простории на семејството Елмазоски.

Нема достапен опис

Овој семен бизнис на семејството Елмазоски трае со години. Во тие години членови на семејството Елмазоски, односно таткот Исниф, и синот Шевал, со години се занимавале со проблематиката околу сервисирањето и репарирање на трактори и автомобили.

Подтикнати да се докажеме и како пердизвик за мене и мојот татко, во 2011 година се одлучивме да направиме нешто што за зад нас ќе остави како круна на долгогодишната работа, ни раскажува Шевал.

Во разговор со татко ми, одлучивме да изработиме полесно моторно возило денес познато како “трицикл“.

Познавајќи ја проблематиката и градбата на моторните возила, веднаш се нафативме, и веќе првиот модел од просториите на нашата работилница , односно моделот „Трицикл ЕЛМ 1Д“ веќе ги имавме изработено за приближно десет дена, на кој речиси работевме по цел ден.

 

За првиот модел „Трицикл ЕЛМ 1Д“ решивме да искористиме мотор од  Голф 1 1.6 дизел мотор и четири брзини. После вградување на моторот и изработката на надворешниот дизајн, металната конструкција тестирањето на истиот помина многу добро, немаше некои проблеми, односно само нешто по нешто додававме за да ја подобриме конструкцијата и работата на моторот одноцно да ги надградуваме.

Откако се уверивме дека трициклот работи многу добро, притоа имајќи во предвид дека располагавме со содветен број на резервни делови, после извесно време се одлучивме да направиме и друг модел „Трицикл ЕЛМ 1Б“.

Овој пат за вториот модел одлучивме да искористиме бензиски мотор од Фиат Пунто со зафатнина од 1.1 и кој се крактеризира со 5 брзински пренос. се разбира со можност за враќање наназад (рикверц).

Тргнавме по истиот принцип на изработка, на конструкцијата, освен дизајнот кој сакавме да се разликува од неговиот претходниот.

Нема достапен опис
Фото:Трицикл ЕЛМ 1.1 Б

Со надоаѓањето на времето, имајќи во предвид сакавме да ги оспособиме за секаков вид на терен и секакви временски услови, така да покрај покривот кој постепоено го надградувавме, се одлучимве истите модели да ги направиме  и за најтврдите студени зимски денови односно движење по снег.

Во разговор со татко ми, се одлучивме на еден од моделите , во нашиот случај моделот Трицикл ЕЛМ 1.1 Б да го приспособиме со вградување на гасеници, кои ќе можеме да ги менуваме во зависнот од теренот по кој треба да поминува (зима-снег).

Овој систем со употреба на гасеници функционира преку пренос на три тркала (бандаши) од кола, и гума транспортер за песок, како и винкли “у“ профил.

Во однос на безбедност можам да кажам дека конструкцијата е направена од дебелозидна цевка 8х4, и целата конструкција е заварувана со ЦО2.

Буквално имаме целосна контрола врз истите модели кога се управува, пред се тргнувајќи од брзината со која се движиме, притисокот на маслото, електрониката и системот за сопирање.

Двата модели можат да се движат без проблем до 160 км на час.

Во однос однос на потрошувачката дизел верзијата на 100 км троши 4 литри, додека бензиската верзија, околу 5 литри на 100 км.

Притоа да не заборавам дека, тука не застанавме, односно истите постојано ги надградуваме, односно подобруваме нивните карактеристики, а за цената на било кој од моделите засега не сакам да зборувам, бидејќи ги направивме лично за нас, така та доколку се појави некој муштерија кој сака да има еден ваков модел, тогаш приказната е друга, ни изјави Шевал Елмазоски.