Компанијата „Макпетрол“ во соработка со ООУ „Ашим Агуши“ и Општина Струга за реализација на учење од дистанца донираше 90 таблети за ученици кои имаа потешкотии да учествуваат на онлајн наставата.
Директорот на училиштето, г. Шефи Ценка заедно со одделенските наставници им ги подели таблетите на учениците од IV одделение до IX одделение, во Заграчани, Франгово и Радолишта.
May be an image of 2 луѓе, луѓе кои стојат и внатре
 “Нашите проекти докажуваат дека сме посветени на надминување на состојбата што е создадена поради пандемијата, му благодарам на градоначалникот на Општина Струга г.Рамис Мерко кој се потруди да ни ги обезбеди овие таблети“ – вели г. Ценка