Поранешниот аргентински претседател Карлос Саул Менем е погребан на муслимански гробишта во Буенос Аирес. Поранешниот аргентински претседател Менем почина во неделата, а сегашниот шеф на таа држава, Алберто Фернандез, прогласи тридневна национална жалост. „Иако се преобрати во католицизам, тој ќе почива во мир на исламски гробишта, покрај мојот брат“, рече претходно ќерката на Менем, Сулемита.

Неговиот син Каролос Менем r.униор. загина во хеликоптерска несреќа во 1995 година. Менем е роден на 2 јули 1930 година во семејство на сириски имигранти и е израснат муслиман, но се преобрази во католицизам и влезе во политички води. Погребот на покојниот претседател беше одржан вчера на гробиштата во муслиманите Сан Жуасто во Ла Матанза, а на него присуствуваа членови на семејството и пријатели. Локалните медиуми известуваат дека за време на погребот се изучувани и делови од Куранот и дека по верскиот дел на церемонијата е пуштена песната на Френк Синатра „My Way“. Менем беше 44-от претседател на Аргентина и беше на чело на таа земја од 1989 до 1999 година. До неговата смрт, тој служеше како сенатор од Ла Риоха.

ТРТ