Во ракетен напад врз американска воена база во северен Ирак во понеделникот, според првичните извештаи, загина еден цивилен вработен во американска приватна воена компанија, додека пет лица беа повредени, меѓу кои и еден припадник на американските сили.
Американската коалиција во Ирак соопшти дека тоа е најтешкиот напад врз коалициските сили во скоро една година, поради ескалацијата на тензиите меѓу американските сили, нивните ирачки и курдски сојузници од една страна и ирачките милиции од друга страна. Портпарол на коалицијата на Твитер напиша дека имало напад врз коалициските сили во главниот град на Курдите, Ербил и дека деталите ќе бидат објавени подоцна.
Watch: A rocket attack at a US-led military base in Kurdish northern #Iraq kills a civilian contractor and injures six other people including a #US service member.https://t.co/2cVDSJUYJl pic.twitter.com/LVTJAKv5tE
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) February 16, 2021
Курдски безбедносни извори соопштија дека најмалку три ракети погодиле област во близина на меѓународниот аеродром во Ербил доцна вечерта. Американските сили се стационирани во воената база сместена веднаш до цивилниот аеродром. Министерството за внатрешни работи на регионалната влада на Курдистан соопшти дека неколку ракети биле истрелани кон Ербил и околината околу 21:30 часот по локално време и дека има ранети, без да наведе детали.
Извор:geopolitikanews