Етна во вчера исфрли голема количина пепел и лава од југоисточниот кратер, пишува италијанската новинска агенција АНСА. Ерупцијата на најголемиот и најактивен вулкан во Европа започна во понеделникот, а спектакуларните и застрашувачки сцени се повторија вчера.

На истокот на Сицилија, избувна релативно нов кратер и исфрли пепел и лава. Меѓународниот аеродром Катанија, на источниот брег на Сицилија, не е засегнат, но ситуацијата ќе биде дополнително проценета вечерва. Катанија честопати мораше да биде затворена порано поради голема количина пепел.