Во новата 2021 година сме влегле со “тивок” скок на цените на трошоците за живот. Тие не се загрижувачки за граѓаните кои велат дека се научиле да се справуваат со проблемите, но не се безначајани и за работниците со минимални примања, пензионерите и луѓето кои останаа без работа во пандемијата.

За луѓе кои изгубија работа во пандемијата или имаат намалени плати поради намалениот обем на работа како и за пензинерите и граѓаните кои имаат минимална плата ниедно поскапување не е незначајно. Тие луѓе ионака едвај составуваат крај со крај и не само што се соочуваат со благо поскапувње на храната туку и со повеќе други услуги, велат дел од економистите.

До нивниот коментар доаѓа по објавувањето на последните податоци на Државниот завод на статистика кои потврдија дека цените на мало за една година, во просек скокнале за 1, 6 проценти

Освен кај цените на мало поскапувања има и на кај индексот на трошоците на животот кој во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи зголемување од 1.9 %,

Некои од поскапувањата поминуваат незбележано зашто не станува збор за голем скок на цените, но потрошувачи за РСЕ коментираат дека по корекциите нагоре кај повеќе производи, станува очигледно дека животот стана поскап во пандемијата.

“За една ситница на пример за кафе ќе забележите дека едно пакување мало е поскапо за 10 денари и така во низа друга ситуации се забележува мало зголемување но кога ќе се соберат сите продукти има разлика на крајот на месецот. Пред пандемија цена на маска беше 2 денари потоа кога дојде пандемијата изнесуваше 20 денари, а сега не може да се најде маска под 35 денари” ни кажа една граѓанка на Скопје.

Повеќе на РСЕ