ДЕМАНТ
Општина Струга, односно градоначалникот г. Рамис Мерко најостро реагира и ги осудува изнесените невистини од страна на советникот Имер Имери за износот и сигнализацијата на кружниот тек близу Теферич.
Советникот Имери со шпекулации и сомневање во транспарентноста на процесите на јавни набавки на општината ја манипулира јавноста и изнесува неточни информации во врска со јавната набавка и вредноста на кружниот тек.
Како советник избран од народот, имате должност да работите за нашиот град и граѓани и да не ширите дезинформации и шпекулации за да добиете политички поени.
Почитувани граѓани, имате право да ја знаете вистината за овој проект. Вкупната вредност на кружниот тек e 12.460 милиони денари (oколу 200 илјади евра) и не 400 илјади како што ги клевети г. Имери.
Кружниот сеуште не е комплетиран затоа чекајте официјално да се стави во употреба.
Во прилог е документацијата што ги аргументира информациите зад кои како институција стоиме.
За подобра Струга!