На десетици пунктови ширум земјата, ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање на потписи против Законот за попис. СДСМ обвини дека тоа покажува оти ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски ее антинародна партија.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја започна иницијативата за собирање на потписи против пописот кој власта сака да го спроведе во земјата. Собирањето потписи започна на десетици пунктови ширум земјата.
Прв меѓу луѓето кои се потпишаа беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на Фејсбук напиша дека го дал својот потпис против „фалсификат попис“

Проблематизирање на пописот

„Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката“, стои во објавата на Мицкоски.

На ова одговори пратеничката и претседателка на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева. Таа рече дека по цели 19 години, државата, конечно, оваа пролет ќе спроведе попис на населението и домаќинствата, согласно сите стандарди и пракси на Евростат.

„Добиените податоци ќе послужат како одлична база за градење на политики и мерки во образованието, здравството, социјалната и детска заштита, но и во земјоделството, културата и развојот на регионите и општините“, истакна таа.

ед неа, иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис покажува дека ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски е антинародна партија која работи против своите граѓани и против својата држава.

„Секој пратеник од било која пратеничка група, до Собранието може да достави предлог текст на Закон. Отука, јасно е дека овој потег Мицкоски е само за внтрепартиска употреба и исполнување на сопствени хирови“, рече Калеска – Ванчева.

ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на месецот поведе иницијатива за собирање 10 илјади потписи за поднесување предлог-закон за поништување на Законот за попис. Претседателот на Собранието Талат Џафери на 9 февруари му ја вратил иницијативата на Мицкоски затоа што во неа не е користено новото уставно име „Република Северна Македонија“ туку старото „Република Македонија“.

Повеќе на РСЕ