Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција посочи дека дадени се насоки за да се нарачаат вакцини од руската „Спутник V“.

– Вчера во координација со министерот за здравство добив информација дека имаме капацитет за дополнителна нарачка на 100 илјади вакцини која би ги надополнила капацитетите и не би дозволила да има вишок. Дали би нарачале од „Спутник“? Да, дадов насоки како што не информираа дека има капацитет за дополнителни 100.000 да се направи од таму нарачка – истакна Заев.

Тој додава дека направени се нарачки и договори со се што „постои од вакцини“.

– Воспоставени се контакти се со цел процесот на вакцинирање да не прекине и да продолжи во предвидената динамика – вели Заев