Авион на нигериската армија се урна во близина на меѓународниот аеродром „Намди Азикиве“ во Абуџа, изјави портпаролот на аеродромот. Извештаите покажуваат дека во авионот имало седум лица и дека тие не ја преживеале несреќата. Портпаролката на аеродромот изјави дека авионот паднал кога се приближувал до пистата. „Авионот на нигериските воздушни сили се урна на враќање кон аеродромот во Абуџа поради проблем со еден од моторите“, изјави армијата и додаде дека сите во авионот, седуммина од нив, загинале во несреќата Армијата додаде дека е отворена истрага за утврдување на околностите на авионската несреќа.