Среде расправија за референдумот за независност, Шкотска испраќа порака до британската влада – покрај шкотското знаме, на зградите на локалната самоуправа постојано виси и знамето на Европската унија, но не и  британското. Од Брегзит, Шкотска веќе не е дел од Европската унија, но сепак е дел од Велика Британија.

Регионалната влада во Единбург за dpa изјави дека знамето на ЕУ виси како одраз на мислењето на огромен број Шкотланѓани кои гласаа да останат во Европа во знак на солидарност со стотиците илјади европски граѓани кои се уште ја нарекуваат Шкотска свој дом. Беше речено дека британското знаме ќе се вее само во „посебни датуми и прилики“. Шкотскиот премиер Никола Старџен повика на втор референдум за независност од Велика Британија. Во 2014 година, мало мнозинство граѓани гласаа за останување во Велика Британија. Во тоа време, сепак, Велика Британија сè уште беше членка на ЕУ.

Старџен тврди дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ ги сменило условите. На референдумот за Брегзит во 2016 година, Шкотска јасно гласаше за останување во ЕУ. Лондон отфрла нов референдум, но анкетите покажаа дека повеќето Шкотланѓани со месеци поволно гледаат на независноста од Велика Британија.