Италијанскиот амбасадор Лука Атанасио убиен е во напад на конвој на ОН во Конго. Тој, наводно, бил убиен за време на обидот за киднапирање, пренесува The Independent. Италијанското Министерство за надворешни работи ја потврди веста за убиството на Лука Атанси и еден полицаец кој бил дел од обезбедувањето. Нападот се случил во близина на градот Канјамахоро. Целта на нападот беше киднапирање на персоналот на ОН, изјави портпаролот на Националниот парк за италијанските медиуми. Во нападот загинаа уште две лица, потврди мајор Гијом Ѓике, портпарол на армијата во провинцијата Северен Киву, кој не прецизираше за кого станува збор.

(Вијести.ба)