Во Израел десетици тони мазут исфрлени се на големи подрачја по должината на средоземниот брег на земјата. Виновникот сè уште не е пронајден, но според првичните податоци, најверојатно станува збор за танкер со нафта. Локалните власти веќе зборуваат за најголемата еколошка катастрофа во историјата на земјата, при што чистењето на загадените области можеби ќе трае и со години, објавија израелските медиуми. Граѓанските здруженија известуваат за пронаоѓање остатоци од желки и птици целосно обоени во црно. Илјадници доброволци и војници помагаат во чистење на брегот од тромби на мазут кои веќе и нанесоа огромна штета на природата. Владата се обидува да го открие изворот на загадувањето, а населението се моли да се воздржи од посета на плажите.

Извор на загадување можеше да биде испуштање на гориво на од еден од бродовите за време на бурата на 11 февруари, на околу 50 км од брегот. Се проучуваат сателитските снимки за да се идентификува сторителот.

Министерката за животна средина Гила Гамлиел изјави дека девет пловни објекти во моментот се прегледуваат и израелската влада размислува да покрене тужба со која бара отштета што може да изнесува милиони долари. Минатата недела беше пронајден мртов кит од 17 метри на плажа во јужен Израел. Аутопсијата открила одредени остатоци на база на масло во неговото тело, поточно црна течност. Прерано е да се каже дали ова е поврзано со гореспоменатиот инцидент што предизвика еколошка катастрофа.