Јас (не)мислам така јас имам ст(р)ав.

Да токму така, Шеко беше еден од ретките кој немаше страв, туку она вистинското имаше (СТАВ), став зад кој секогаш стојам и го потврдуваат она што го мислам и поткрепувам со факти дека е така, така во повеќе средби ни велеше Шеко.

Тешко е да се опише чувството кога човек ќе започне во себе да чувствува некаква празнина, дека нешто му недостасува од мозаикот за да биде цел, за жал таа празнина тешко се надополнува, ама и потсетува на вредноста на човекот.

Возвишениот Аллах, џ.ш на мојот и Вашиот Шеко, одлучи неговото патување на овој свет да го заврши денес, и поведе онаму каде што на сите нам иншАллах ни е местото, џеннетот.

Самата вест за неговото преселување на Ахирет, некако веднаш како длабоко во нас да го подтурна чувството, чувството кое го најави неговото недостигање, пред сё ни беше драг пријател, роднина и нешто од кого можевме да научиме и учевме, без разлика дали тоа беше политика, историја, или пак музика.

Еве, веќе поминаа неколку саати а ние во неверување ги потеснуваме мислите дека е некој сон, од кој ќе се разбудиме, и дека во некој момент ќе зазвони мобилниот и ќе ни најави некој нова колумна, ќе побара нешто од нашата архива, за да остави трага зад она за што се бореше, да докаже дека навистина има став, а не страв.

За жал, реалноста е сосема друга, Шеко ни замина, а зад себе остави многу дела и успеси од онаа поле во кое се бореше. Се бореше и не избираше средства кој стои пред него, и секогаш излегуваше како победник, токму заради тоа што во своите раце како оружје ги имаше фактите.

Ние сме нешто посебно, и поразлично, Иса, мора тоа да го сватиме и вреднуваме, еве гледаш години наназад сите мои тврдења имаат тежина, не само туку така зборувам. Започнавме како така да се бориме, и иншАллах да имаме луѓе кои ќе продолжат да се борат за овој милиет(народ), да не исчезнеме во дивите води на политиките и на оние кои им одговара да не снема, – во една пригода ни рече Шеко.

Еве веќе одминуваат часови, и нас веќе ни е јасно дека Шеко повеќе го нема, а и нема потреба што уште да се пишува, бидејќи нема зборови кои можат да го опишат неговото постоење на овој свет, а ниту нашата болка од неговото заминување.

Нека Возвишениот Аллах џ.ш  иншАллах го награди и отвори вратите на џеннетот бидејќи за ваквите луѓе не постои друга награда освен.таа.