Германските царински службеници соопштија дека на пристаништето во Хамбург заплениле повеќе од 16 тони кокаин, сокриени во контејнери од Парагвај.

Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа, јавуваат француските медиуми.

„Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да донесе заработка од неколку милијарди евра“, се наведува во соопштението на царинската служба за дрогата што била запленета на 12 февруари.

Во врска со шверцот на кокаинот вчера во Холандија бил уапсен 28-годишен маж, се додава во соопштението на германската Царинска управа