Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на денешната прес-конференција ја повика ЕУ и членките на ЕУ, како Германија, Франција и Холандија, ургентно да донесат тим на судии и обвинители кои ќе ги отвораат уште еднаш „сите монтирани политички процеси“, бидејќи, како што рече граѓаните мораат да почнат да веруваат во институциите кои делат правда.

„Да се отворат сите монтирани политички случаи, почнувајќи од „Монструм“, „Алфа“, па се до „27 Април“. Но, и да се отворат сите предмети од осамостојувањето на Република Северна Македонија за кои има политичка амнестија, за сите корумпирани политичари да одговараат и да завршат таму каде што треба. Тоа е единствен начин како ние треба да почнеме да градиме правна држава“, рече Села.

Тој изјави дека премиерот Зоран Заев тврдел оти „невини луѓе лежат во затвор во врска со Монструм“ и дека вистината за „Монструм“ е многу болна.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, на истата прес-конференција, оцени дека има три причини зошто „Монструм“и сите други, како што рече, „монтирани процеси“ потфрлуваат и оставаат голема дамка и голем прашалник зошто ова ни се случува.

Повеќе на РСЕ