Беспилотни летала со експлозив насочени минатиот месец кон кралската палата Јамама во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, биле лансирани од Ирак, изјави висок претставник на про-иранската милиција во Багдад. Оваа информација ја потврди официјалниот претставник на САД, потврди денес лондонскиот медиум The Arab Weekly во петокот. Оваа недела, во интервју за Асошиејтед Прес, претставник на претежно шиитските сили за мобилизација на народот во Ирак (Хашд ал-Шааби, основана во 2014 година со поддршка на Иран, и лично покојниот генерал Касем Солеимани, за борба против Исламската држава терористичка организација на ирачка територија, и е една од најсилните ирачки воени организации воопшто, која во екот на својата борба против ИД броеше околу 100 000 борци, а нејзините сили беа делумно вклучени во официјалниот ирачки воен безбедносен систем заради големо влијание во општеството, на што залудно се спротивстави Вашингтон, тој изјавил дека три беспилотни летала натоварени со експлозив биле лансирани од пограничната област Ирак и Саудиска Арабија и се урнале во кралскиот комплекс во Ријад на 23 јануари. Коментарите на висок функционер на ирачката милиција значат дека оваа проиранска група за прв пат призна дека Ирак е извор на нападот врз Саудиска Арабија, додава весникот.)