dubai

Дубаи Сафари. Започнат нов грандиозен проект во Дубаи.

Веќе во Дубаи се започна со изградба-реализација на уште еден грандиозен проект познат како ДУБАИ САФАРИ проект чиј  износ се претпоставува дека ќе изнесува над  150 милиони дирхеми – 35 милиони евра.

Проектот веќе е започнат и се гради во делот познат како Ал Варка 5 Авеер, тој ќе зафаќа површина од 396 хектари.

Овој проект вклучува изградба на Арапско село,Азиско село,Афричко село, се со цел животните да можат полесно да се прилагодат во зависност од кој дел на континет доаѓаат. Покрај тоа тука е вклучено и слободниот сафари Батерфлај парк, голф терени, забавни и рекреативни области.

Само со Сафари делот кој ќе опфаќа 60 хектари од вкупната површина, ќе се има за сел воспоставување на најдобар центар на диви животни во светот, како  и обезбедување на различни средини кои ќе бидат соодветни на животните кои ќе претсојуваат во тој дел.

Дубаи Сафари се очекува да привлече посетители од различни делови на светот, при што ќе се користат современи интерактивни методи на контрола и движење за да се обезбеди специфично и унуикатно искуство за посетителите.

Делот (објектот) од каде што ќе може најблиску да се разгледува(областа) ќе има површина од 7,5 хектари со височина  повеќе од 1км водопад со височина од 12 метри,ресторан и се разбира тераса со поглед на долината..
. Се очекува проектот да биде завршен до крајот на 2014 година.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + = 12

%d bloggers like this: