Во присуство на градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко и други претставници на Општина Струга, денес беше поставен камен-темелник на спортската сала во општинското основно училиште „Ашим Агуши“ во село Радолишта.
Изградбата на салата е проект на Министерството за Образование и Наука заедно со Општина Струга.

Градоначалникот Мерко им честиташе на сите жители, потенцирајќи дека Општина Струга се залага за создавање помодерни простори каде учениците ќе можат да развиваат спортски активности. Ваквите капитални инвестиции во областа на образованието ќе продолжат и во иднина затоа што младите се нашата иднина.




