Ова обично како зклучок  се кажува на крајот од било која текст колумна или нешто така слично, ама јас бидејќи знам дека нашиот народ обично нема намера да чита до крај, односно скока помеѓу редови ќе го кажам на самиот почеток:

ДО КОГА, БРЕ БРАЌА..РОДНИНИ..ПРИЈАТЕЛИ.. ќе си ги КОПАМЕ ОЧИТЕ ????!!!

Еве веќе навистина со последните настани во нашава населба Подгорци, со промената на директорот на ОУ Гоце Делчев-Подгорци, некако атмосферата повторно се наелектризира.

Како изборите да не ни беа доволно, па еве сега пак да се делиме,караме,закануваме.. и др.

Дај, да се вратиме малку поназад неколку години каде сме биле тогаш и какви сме биле, ние или пак нашите татковци,роднини, како живееле тогаш тие, дали имала ваква омраза и поделба, ( Јас сум за ДУИ, јас сум за ПЕИ, јас сум за ДПА.. идр.) или пак уште полошо некој да се нарекува (неверник-каурин) или пак (Ти си Албанец, Ти си Торбеш, Ти си Македонец , Ти си Турчин..идр…)

Дај барем еднаш да бидеме едно, било што, ама да бидеме заедно, Мене ми е јасно дека Господ не дал какви такви и дека не можеме исто да мислиме, ама ајде малку да пробаме, Доста е бре веќе како не ни се здосади??

Зарем во нас нема ништо исламско?,зарем Господ не создаде да се караме меѓусебно, и за џума да одиме заедно на едно место, зарем Аллах ова го посакува од нас, дај да се запрашаме и да видиме што ни фали???

Нема да речам: тие се виновни , туку сите Ние сме виновни !!

Порано бре, се намало многу, ама барем пријателски и братски се помагало и живеело, денес се има колку толку, ама убајни меѓу нас ни за ич. Иншала и за оваа да плаќаме.. Затоа што не знајме својот ум да го најме каде ни е , дали е на, или во главата,ама по се изгледа  ние умот бре брате го имаме под нозите и постојано го газеме…газеме…газеме… и ич гајле си немаме.

Зарем, секогаш од секого да се плашиме, јас само едно знам, како што велит народот: За свадба или ти или јас ќе ти дојда, а можда и крушкој ќе се напрајме, За џеназе јас или ти ќе ми дојш.

Зарем не се мисли ни малку  за на ахирет, зарем таму , нема да одиме, ??? И само на овој свет некому од интирис,некому од страв треба сметка да полагаме?????

Зарем вечно некој ќе биде претседател, некој пратеник, некој директор,некој …..???????

Ајде да пробаме да бидеме едно, ТИ што ќе одлучиш што да бидеме, и притоа  да провладее разумот,дај малку да подразмислиме што правиме, зарем не ние достаа ова криза околу нас, тешко се наоѓа работа, а уште потешко пари се земаат, сите не поткусуруваат не делат, а ние остануваме без заедништво (јадро) без Единствен Матичен Број. (Без идентитет)

И, наместо да си ја споделиме маката заедно, ние меѓусебно се делиме, едни ваму,едни таму и до недоглед.. СРАМ ДА НИ Е??!!

Зарем, Јусуф,Омер,Сафет, Недим,Мехмед…. неми се браќа? Дај да се потрудиме тие да ни бидат браќа, и да започнеме со првата буква од Исламот, буквата И, заошто кај нас ни таа буква ја нема, а за другите ич муабет да не прајме, уште еднаш..СРАМ ДА НИ Е??

Сме станале многу јаки, па како ниту од Господ да не се плашиме (естакфируллах), ама очигледно работите така кажуваат.

Џамијата ја напрајвме како модна писта, само за џума се гледаме, и тоа како манекени само да не видат дека сме биле на џума намаз, демек јас верва во господ (каков мунафиклок), а потоа пак со лошотија меѓу нас, по се изгледа шејтанот ни станал другар и сопатник, па пријателите сега ги сакаме само за интирис, а за друго…

Од Тебе брате барам, барем 5-минути, застани и размисли како би било да сме заедно, јас да те ислушам тебе, а ти мене, онака како што не дал господ, па после откако ќе размислиш, дојди заедно да се напиеме кафе кај ДЕРБИ, и да се вратиме барем малку во времето кога нашите прадедовци, и татковци меѓусебно се сакале и помагале, во сиромаштија.

Тогаш се немало многу, ама се имало луѓе. А, денес се има по нешто, ама се нема луѓе.

Се надевам дека, со раката ќе покажеме дека умот ни е во главата, а шејтанот под нозете, а не обратно..

И, доста, везден да градиме и бараме извори, а друг да ни ја пие водата.

Како и да е оваа текст-колумна односно за вакви содржини може да се пишува многу, ама за да ја поправиме грешката во нас, треба малку.

Админ на Дубаи-Портал.

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here