Сигурно од самата фотографија, ќе го препознаете лицето на овој прекрасен пријател. Добар дечко, познат меѓу сите Подгорчани и пошироко. Вреднуван дечко, работлив, полн со хумор и ентузијазам. Секогаш расположен да ве насмее, дури и кога ќе ви биде најтешко. Таков беше нашиот Тахир. Човек, пријател, кој што пред се како што знаеше понекогаш да каже и да се пофали, дека најмногу од сè го расположува босанскиот севдах. Тоа можете да го забележете од неговите постови, на неговиот Фејсбук профил. Велеше дека тоа го расположува, особено кога ќе го слушне оној звук, она песна од каде што и всушност и тој потекнува. Таков беше нашиот Тахир, секогаш ведар и насмеан. И, кога ќе ви беше најтешко, ќе изнајдеше начин, со неговиот хумор да ви пријде и да ве расположи. Вечерва примивме една навистина многу тажна и лоша вест. Нашиот Тахир Алибеговиќ, како што се пишуваше на Фејсбук, се пресели на Ахирет. Возвишениот Аллах џ.ш одлучи да го повика кај себе, а нас ни преостанува само да се потсетуваме на Тахир, да остане во нашите спомени, онаков каков што го знаеме и каков што всушност беше. Нека возвишениот Аллах џ.ш Тахире те награди со џеннет.