На 24.03.2021 година околу 09 часот, во дворот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, А.М.(19) од струшкото село Долно Татеши, ученичка во училиштето, со остар предмет го нападнала соученикот Е.К.(19) од Струга. Таа е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.