Советот на Европа, на 27 јануари 2021 година, во Резолуцијата 2361/2021, донесе одлука според која вакцинирањено не мора да биде задолжително, односно да нема вакцинирање против своја воља и под притисо. Резолуцијата за вакцини против Ковид-19 исто така нагласува дека вакцините мора да бидат јавно добро на глобално ниво и дека имунизацијата мора да биде достапна за секого и насекаде.

Во документот особено се нагласува „дека во сите земји е важно да се информираат граѓаните дека вакцинацијата не е задолжителна и дека не треба да се врши никаков политички или социјален притисок врз нив да бидат вакцинирани, доколку не сакаат“.

Во него се додава дека „треба да се осигури дека никој не е дискриминиран доколку не ја примил вакцината, без разлика дали не смеел од здравствени  или едноставно не сакал“.

„Исто така е важно да се преземат ефективни мерки на време за да се потисне ширењето на дезинформации во врска со вакцината за коронавирус, како и транспарентни информации за безбедноста на вакцината и можните несакани ефекти“, се вели во резолуцијата. Ова исто така важи и за несаканите ефекти и последиците што вакцината може да ги предизвика.

Со овој документ, најважната организација за заштита на човековите права во Европа сега воспостави меѓународни правни упатства за 47 земји-членки, на пример: дискриминација на работа или забрани за патување за невакцинирани лица мора да бидат исклучени. Граѓаните можат да се повикаат на овој документ во каква било правна постапка, на пример со работодавачот, властите.

Rezolucija Vijeća Evrope VAKCINA NIJE OBAVEZNA!

 

ИЗВАДОК ОД РЕЗОЛУЦИЈА 2361 НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ од 27 јануари 2021

7.3 Со оглед на обезбедување висока стапка на вакцинација:

7.3.1 Да се обезбеди граѓаните да се информирани дека вакцинацијата НЕ е задолжителна и дека никој не е под политички, социјален или друг притисок да се вакцинира доколку тоа не сакаат да го сторат тоа;

7.3.2 Да се осигура дека никој нема да биде дискриминиран заради невакцинирање поради потенцијални здравствени ризици или несакани вакцинации;

Извор: https://pace.coe.int/en/files/29004/html

Автор: FranceSoir