ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(48) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улица „Партизанска“ во Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана.