Угостителите ставија клуч на вратите согласно новиот пакет рестриктивни мерки кои ги донесе Владата.

Според одлуката на Владата, забраната за работа ќе биде на сила наредните две недели, но угостителите стравуваат дека ќе биде продолжена и ќе трае подолго бидејќи се наближуваат верски празници.

Според Јосифовски, овој пат повеќето угостители нема да бидат во можност да ги задржат своите вработени бидејќи немаат материјални средства и бидејќи Владината помош, петиот пакет мерки, е заглавен во процедурите.

Од комората се на став дека по завршувањето на мерките Владата ќе мора да изготви нов план и мерки за рестартирање на овој сектор, по преимер на соседна Грција, и финансиска инекција со која би се покриле доспеаните обврски и трошоци.

Со новиот пакет рестриктивни меркисе опфатени и обложувалниците и касината кои ќе работат само преку шалтер и во објектите не смее да има гости а целосно се затвараат салите и фитнес центрите.

Telma