За време на вакцинацијата во Домот на културата во Чачак, Снежана Чировиќ (Snežana Ćirović)доживела непријатна ситуација бидејќи, како што тврди, како втора доза, наместо кинеската „Синофарм“ („Sinofarm“), ја примила американската вакцина „Фајзер“ („Pfizer“).

„Јас предадов лист на која пишуваше дека првата доза е вакцина од кинески производител. Откако ја примив втората доза, се облеков и тргнав дома, погледнав во листот на која пишува дека другата е американски производител. Се вратив и прашав за што станува збор, а потоа сфатив дека медицинските сестри погрешно ја направиле имунизацијата “, изјави Снежана Чировиќ (Snežana Čirović) за „Рина“ („Rina“).

„Сега не знам дали сум ревакцинирана или не, земам лекови за срце, па се плашам како тоа ќе влијае на здравствените проблеми што ги имам. Ќе ги следам симптомите, а можеби и ќе се консултирам со психолог“, рече Снежана Чировиќ (Snežana Ćirović).

Директорот на Здравствениот дом во Чачак, д-р Александар Пајовиќ (Aleksandar Pajović), потврди дека се случил пропуст за време на вакцинацијата и ќе се утврди зошто се случило, објави „Б92“ („B92“).

„Информиран сум дека една сограѓанка се сомнева дека примила друга вакцина наместо една. Работниците беа веднаш повикани на интервју и дадоа изјави. Останува да се потврди дали навистина имало грешка во имунизацијата и ако има, зошто или дали станува збор за административен пропуст. Проверката е во тек и за кратко време ќе ги имаме вистинските информации. Засега не би тврдел ниту јас, се додека не ја испитаме целата ситуација“, рече д-р Пајовиќ (Pajović).


„Sputnik“

„Dubai-Portal“