Медиумите ce како средства за друштвено соопштување и нивното разбирање е прилично сложен поим, како систем за инфoрмирaње, кои служат за дисеминација на вести и аудио-визуелни содржини со цел информирање, образование и забава на најшироките слоеви на општеството. Со научно-технолошкото развивање, се појавија и дигитални медиуми кои внесоа силно влијание врз културата и општеството. Во комбинација со интернетот и личните технички помагала како лаптопи, таблети, па на крајот на крајевите и телефони, дигиталните медиуми предизвикаа иновации скоро во сите сфери на животот, како во издаваштвото, новинарството, во односите со јавноста, забавата, образованието, трговијата и во политиката. Тоа секако допринесе и до злоупотреба на медискиот простор, зголемување на cyber криминалот, како и злоупотреба на приватноста, злоупотреба на религијата, националноста и сл. кои не останаа имуни на оваа појава во овој дигитален предизвик. Многу има случаеви каде за лична легитимација на доградба на нови национални па и на државни идентитети или национализми или поради теориска инсуфициентност на нацијата, се потегнува за користење на религијата во медискиот простор како инструмент на социализација и легитимација на некои национални, политички па и државни субјекти. Па така, религијата која има метафизички и универзални вредности и содржини, се инструментизира во тие нивни цели. Многу често имаме можност во медиумскиот простор да слушнеме или видеме како одредени политички субјекти, врз основа на религиската трпеливост или нетрпеливост (им пречи повикот на молитва- езан, или црквеното звоно и сл.) во своите политички презентации и повици, користат и берат политички поени врз основа на злоупотреба на религиските вредности. Останува предизвик за сите социолози, теолози, политолози и др. да најдат начин и метод за одбрана од медиската злоупотреба на религијта, така што за овој однос помеѓу политиката и религијата во медиумскиот простор дискурсот да биде на ниво во кое адекватните теолози да зборуваат за религијата, а адекватните политичари да зборуваат за политиката. Предизвик е да се одбрани медискиот простор од неадкватни стручњаци кои сѐ повеќе и повеќе добиваат простор во дигиталните медиуми, имаме примери на Балканов дури и во името на својата религија се спроведуваат своите политички цели, па дури се повикува на злочин, се благословува злочин и сл. Да небидам погрешно разбран, оставете ги џамиите, црквите, синагогите и другите верски објекти на мир, не ги мешајте во своите политички препирки, кој сака нека си оди во нив, кој не сака нека не оди, не е ваше право да одлучувате за тоа, каде што има муслимани таму ќе има џамии и езани, каде што има христијани таму ќе има цркви и звона, тоа е составен дел од нашиот живот. Што порано ќе го разбереме тоа, толку ќе биде подобро за сите.

Ако е земеме во обзир реченицата која ја изговори Hans Kung: „Нема мир меѓу народите без мир меѓу религиите“, ќе заклучиме дека латентно ова се однесува и на дигиталните медиуми, каде што многу често мирот е нарушуван од срана на пропагатори на наводниот сукоб на религиите.

Во сето ова, голема улогаа имаат медиумите, тамо каде што нема слободни медиуми, нема ни лична ни политичка слобода. Таму каде што медиумите се спречени да се дистанцираат, да ја користат слободата на говор во соочување со оние кои сонуваат да ги потчинат односно со луѓето на власт или првенствено политичарите, заклучокот сам се наметнува: „ Нема слобода без слободни медиуми“. (Bal, 1995:5). Како и секаде и кај нас веб порталите се во пораст, ги има сѐ повеќе и повеќе, така што поголем број од граѓаните се свртуваат према online извори на информации, не затоа што се поверодостојни, туку што имаат полесен пристап и се бесплатни. Разбирливо дека медумите се со поголем пристисок да се оди во корак со времето, а тоа посакува и поголеми финансиски средства. Поради тоа, етичките стандарди во повеќето медиуми се игнорираат или само делимично се почитуваат. А причината за тоа е се поголемиот економски и политички притисок врз медиумите. Така сопствениците на меидумите се политички поврзани со одредени политички струи, поради изворите на финансурања, и се врши притисок врз уредниците. Нее веќе важно што е вистина, него колку има прегледи и читаност. Ако додаме на сето ова и лични дигитални медиуми, социјалните мрежи, каде што секој може да си објавува што сака и како сака, тогаш гледаме во каков информациски хаос се најдуваме.

Ако го погледаме Вреговиот системски развојни модел на социјалната комуникација, ќе забележиме дека ако се случи политичкиот систем да има надмоќ над информациско-комуникативниот систем, тогаш ќе го подреди себеси и ќе го третира како трансмисија на политичката моќ, со што медиумите ќе ја изгубат својата аутономија и ќе постанат орган од владата или партијата која воспоставува монопол над информациите. (Verg, 1991).

Ова можеме да го илустрираме со пример каде што одереден политичар е секако посакуван за соговорник за интервју, посакуван гост во студио али му треба медиум за да привлече внимателност, за разлика од некој друг политичар.

Овде пред сѐ, треба да ставиме акцент на медиската писменост која на жалост кај нас е на многу ниско ниво, кога народот би бил медиски пописмен, би барал поверодостојни и поточни информации од поверодостојни извори и не би верувал во сѐ што ќе прочита или чуе, и многу потешко би се манипулирал со таков народ.

Не сне одговорни само за она што го правеме, туку и за она што го прифаќаме, без адекватен отпор, вели Schopenhauer, што значи барем да направиме провера на ифнормациите кои ги добиваме.

Robert McChesney, кого Mark Crispin. Mill. го нарекува „најголем од историчарите на меидиумите“, тврди дека најголема корист од оваа таканаречена информациска ера, се шака дивовски коропорации и да е концентрираната корпоративна контрола над медиумите погубна за продолжување на идеата за демократија во која граѓаните вистински учествуваат. А тоа ние секојдневно го гледаме како се здружуваат големи медски корпорации. Затоа тој во својата книга „Богати медиуми, сиромашна демократија“, јавно и отворено кажува за медискиот хаос.

Наместо да бидат седма сила, на жалост, новинарите се принудени да бидат прва сила на политичките моќници или сила на големите глобални корпорациски идеолози.

Затоа, ум во главата, не верувајте во сѐ што ќе чуете ниту во сѐ што ќе прочитате.

“Против новинарите кои се спремни да лажат, нема лек во демократска држава, освен воспитување на народот и покачување на општата култура, како би можел народот сам да ја ризикува вистината од лагата и доброто од злото. Тоа не може да го направи политиката, туку само културата”, Алија Изетбеговиќ

Автор: Мухамед Шемоски