Флорентино Перез до крајот на неделава и официјално ќе добие нов претседателски мандат во Реал Мадрид и уште ова лето ќе се обиде да го реализа планот, да ги донесе двајцата најдобри млади напаѓачи на светот.

На претседателските избори во Реал Мадрид, Перез нема противкандидат и тоа значи дека ќе може веднаш да започне со реализација на најголема желба, да го ангажира Килијан М’бапе во кого го гледа идниот лидер во тимот во наредната деценија.

ПСЖ сè уште не се откажува од можноста дека ќе успее да го натера М’бапе да потпише нов договор иако младиот фудбалер неколку пати ја одби понудата и сака уште ова лето да си замине.

Но, тимот исто така не седи со скрстени раце и веќе бара негови наследниви, а на листата на тренерот Маурицио Покетино се наоѓаат три имиња.

Вчера се појави информација дека Мухаммед Салах од идната сезона може да биде нов играч на ПСЖ. Ливерпул е подготвен да жртвува еден од напаѓачкиот тандем Мане – Салах и изборот паднал на египетскиот репрезентативец кој во неголку интервјуа изминативе месеци покажа интерес еден ден да заигра во Шпанија, но исто така и да си замине од „Енфилд“.

Другите две имиња кои се интересни за Покетино, според француските медиуми се Џејдон Санчо и Пауло Дибала.

Англискиот репрезентативец подолго време е мета на Манчестер јунајтед кој минатата година одби да плати 120 милиони евра колку што бараше Борусија Дортмунд, а лесно може да се случи и годинава да остане со празни раце иако сега е подготвен да ја плати сумата која ќе ја бара германскиот тим. Причината за тоа е ПСЖ кој исто така нема намера да жали пари за да дојде до услугите на Сачно.

Третата опција за францускиот тим е најевтина, Пауло Дибала од Јувентус.

Аргентинецот никако не може да најде заеднички јазик со Јувентус за потпишување нов договор и поради тоа „старата дама“ веќе го понуди на ПСЖ.
Јувентус сака да го размени Дибала за Мауро Икарди кој не се снајде во Париз, а за ПСЖ оваа опција е најевтина бидејќи би морал да плати само 15 милиони евра на Интер како казнени пенали бидејќи го продава напаѓачот на италијанска екипа.
Останува да се дочека стартот на летниот преоден рок за да се види која од од овие шпекулации ќе се обвистини.


Sloboden Pecat