Врз основа објавениот оглас од страна на Водна Заедница Подгорци за прибирање на понуди за избор на вододелител за регулирање на начинот и распоредот на наводнување, за предстојната сезона 2013-2014.

431828_582991271732057_921291254_n

Денес, во присуство на членовите на Одборот за контрола на ВЗ.Подгорци, беа отворени пристигнатите понуди и после нивното разгледување беше избран вододелителот за оваа сезона.

Како што истакна раководителот на ВЗ-Подгорци г-нот Насер Реџоски, во текот на изминатите 15 дена беше објавен оглас за прибирање на понуди, и до денес беа поднесени две понуди за извршување на оваа дејност.

Понудите беа доставени од страна на лицата:

Кариманоски Реџеп и Равманоски Агуш.

Отако истите беа разгледани , ( како и критериумите од огласот) беше одлучено дека оваа активност за оваа година според сите генералии приложени во тетскт-понудата како и задоволувачките критериуми, двата кандидати имаа исти предиспозиции, меѓутоа сепак решавачко при изборот  на г-нот Кариманоски Реџеп за вододелител беше фактот од задоволството и доверба  на жителите на населба подгорци во изминатата како и начинот на кој оваа лице во изминатата сезона ја заврши сезоната за наводнување.

Според раководителот на ВЗ-Подгорци, и оваа сезона за наводнување ќе се одвива 60 дена (2месеци), и дека карактеристично за оваа сезона за разлика од изминатата е тоа што има зголемување на површините од 150 рала изминатата година на 170 рала за оваа година.

Наводнувањето на Земјоделските површини ќе започне од 01.07 (јули).2013 година

 

Очекуваме дека временските прилики ќе бидат добро (количина на вода) и наводнувањето ќе заврши според предвидениот план.

Исто така ги молам граѓаните на населба Подгорци, за што порационално користење на водата, како не би се довеле до појава од нејзин недостиг, како за пиење така и друга намена.

ВЗ-Подгорци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име