ВЗ Подгорци: Реконструкција на системот за водоснабдување.

0

Во саботата 22.06.2013, сметајќи на предстојната сезона за снабдување, како и контролата на системот за водоснабдување на населба Подгорци, во делови на системот беа извршеи промена на нови фасоски делови, за регулирање на протокот на вода до населбата.

Оваа контрола ја правиме секогаш пред да дојде до периодот за водоснабдување, заради тоа што тога речиси и максимално се искористува системот за водоснабдување, затоа што истовремено истиот се користи за за наводнување на земјоделско обработливите површини, период кој ќе трае 60 дена (2 месеци) какои и за снабдување на домаќинствата со вода за пиење и друга намена.

Заради тоа, секоја година се врши контрола, пред предстојниот период, како би се одстраниле делови за кои се смета дека можат да предизвикаа одреден проблем во протокот на вода, а исто така и да се одстранат дефекти на делови кои се појавени на одредени места од системот.

Во текот  на овогодинешнава контрола на системот, констатирано е дека има потреба од промена на еден регулаторен вентил , како и промена на цевка за која се сметаше дека може да направи проблем во предстојната сезона.

Засега, организирано и подготвено ја очекуваме предстојната сезона и очекуваме дека нема да има проблем, кој би го довел во опасност системот за водоснабдување.

Покрај тоа уште еднаш, апелирам до жителите на населба Подгорци, како не би се довеле во опасност од било каков прекин во системот за водоснабдување, да што по економично ја користат водата за пиење и друга намена, особено во овој период кога се врши наводнување на земјоделските површини, и кога има карактеристично зголемување на летните температури, изјави раководителот на ВЗ-Подгорци г-динот Насер Реџоски.

ДУБАИ ПОРТАЛ.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име