Согласно планот за работа на Водна Заедница – Подгорци официјално денес 01.07.2013 година се започна со наводнување на земјоделските површини и истото ќе трае 60 дена – два месеци

PC110107 (Copy)

Според информациите на раководителот на Водната Заедница, г-динот Насер Реџоски, се оди како што  е планирано притоа надополнувајќи:

Како што реков оваа сезона ја започнавме подготвени, и превеземени се сите активности за нормално одвивање на тековните работи, како

чистење на каналите за наводнување, изборот на вододелител, регулирање на системот за водоснабдување и други активности.

1016303_599572046740646_1401811336_n

Тековно на нашиот вододелител му е даден распоред за наводнување на парцелите, и истиот ќе се одвива со наводнување  преку селската и марулската вода.

Оваа година евидентирани се околу 170 рала пченка и помала количина на вртишта засадени со компир домат и др.култура.

Очекувам дека жителите на Подгорци совесно ќе ја користат водата за пиење и наводнување, се разбира доколку не се во можност да извршат наводнување(вадење) благовремено да го известат вододелителот, како не би дошло до нарушување на распоредот за наводнување.

ВЗ-Подгорци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име