Почитувани, членови како и наши идни, во прилог на овој пост-колумна, Ви ги објавуваме екслузивно документите кои беа испратени до редакцијата на Дубаи Портал, и претходно беше потврдена и нивната веродостојност од поедини членови (вработени) во ОУ Гоце Делчев – Подгорци.

podgorci

Како образложение се работи за 3 (три) документи кои ги опишуваат проблемите кои му се наметнуваат на оваа училиште (дали по законски или не законски) останува Вие како  начи читатели да ги прочитате и утврдете за што всушност станува збор.

Ама да одиме по ред:

1. Најпрво ке се потсетиме на последните активности околу разрешувањето на дир.Фадил Исламоски. (Во прилог ви го доставуваме исвестувањето од страна на Државниот Просветен Инспекторат до директорот на оваа училиште.)

Во кој јасно се укажува на незаконската промена на директоро како и валидноста на новиот ВД Директор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Dokument 22.Вториот документ представува известување од страна на Министерството за Образование до поранешниот градоначалник на Струга, г-дниот Рамиз Мерко, со кој му се наложува дека не постои  законска регулатива за формирање на Албанска паралелка,  во ОУ Гоце Делчев Подгорци, и истите треба да посетуваат настава во ОУ Мурат Лабуништи – Лабуништа.

Притоа се надополнува и изјавата на членови на Училишниот Одбор на ОУ Гоце Делчев – Подгорци, во која децидно стои:

Членовите на училишниот одбор како и колективот на оваа училиште немаа ништо против формирање на Албански паралелки во оваа училиште, се додека се почитува законски правната регулатива.

За да се направи тоа ќе треба да се измени статутот на ова училиштет се разбира на барање на градоначалникот и истиот биде прифатен од надлежните институции (Министерството за образование) , кои би ја потврдиле основата за одобрување на албанска паралелка, дотогаш директорот Фадил Исламоски не смее да потпишува никаков документ(сведителства или пак нешто друго) заради тоа што согласно договорите на Министерот за Образование и поранешниот градоначалник овие ученици од ОУ Гоце Делчев – Подгорци се вода во ОУ Мурат Лабуништи-Лабуништа, каде што треба да посетуваат настава, тоа значи дека потпишување на било каков документ од страна на директорот Фадил Исламоски, ќе значи прекршување на законот за образовани, за што понатаму уследува кривична постапка за злоупотреба на должност.

Покрај тоа, во ОУ Мурат Лабуништи – Лабуништа според изјавата на наставни во оваа образовна установа формирана е комисија за оваа проблематика на овие ученици кои се заведени да посетуваат настава во оваа училиште, а истите не доаѓаа ниту пак постои соодветна книга за евиденциам, така да како што вели еден наставник во оваа училиште: Овие ученици се заведени како да избегале од на настава.

Dokument 3

3.Третиот документ представува указ од поранешниот градоначалник г-дин Рамиз Мерко до ОУ Мурат Лабуништи-Лабуништа, за обезбедување на нормален тека на настава на Албански јазик за учениците од ОУ Гоце Делчев Подгорци (т.е наставата да се посетува во ОУ Мурат Лабуништи – Лабуништа, а не во ОУ Гоце Делчев – Подгорци)

ФОТО ГАЛЕРИЈА НА ДОКУМЕНТИ:

 

 

Значи во долната галерија ви се презентирани сите документи, кои засега се испратени и е потврдена нивната валидност.

Така да секој еден просечен човек може да ги прочита-разгледа и отцени каде треба да се бара Вистината?

Ова се документи со текст,потпис,печат и зад чија валидност стои ОУ Гоце Делчев -Подгорци, така да секој изговор од типот лажење или лажен документ може да биде изјава или коментар на личност која буквално нема  ниту еден здрав нерв во својата глава.

Доколку се најде некој таков, тогаш однапред му извинуваме, ама и притоа да ни се заблагодари што ете успеал да се најде во која средина како таков припаѓа.

18 Коментари

  1. Селам.
    Го молам админот на овој портал да го ревидира постот или во целост да го избрише.
    Има неколку причини. Прво, некој се обидува да направи вештачка врска помеѓу документите. Друго, ова е обид да се доведе во врска разрешувањето на директорот со паралелките во Лабуништа. Трето, обид проблемот со нелегалните паралелки во Подгорци да се префрли во Лабуништа.
    Учениците кои образованието во учебната 2012/2013 го следеа во Подгорци, немаат никаква врска со паралелките во Лабуништа формирани за учениците во Подгорци! За доделување на сведителства на учениците од нелегалните паралелки во Подгорци формирана е Комисија која беше задолжена да изврши тестирање и оценување.
    Документот во кој стои да им се издадат сведителства има важност заклучно со учебната 2011/2012 година.
    Имајте пред вид дека постојат легални и нелегални албански паралелки. Немојте да ги поистоветите учениците со регулиран статус и учениците со нерегулиран статус!

    Тој што го пишувал текстот најверојатно ги немал овие факти. Со што се довел во заблуда себе и на сите кои го читаат текстот.
    Се надевам дека во иднина ќе се покажува поголемо внимание и поголем респект кога станува збор за подгоречките паралелки на албански јазик во Лабуништа.

    Со почит,
    Председателот на Советот на Родителите на подгоречките паралелки на албански јазик во ОУ Мурат Лабуништи

  2. Селам. Како прво никој не се обидува да направи вечтачка врска.
    Приложените документи доколку добро ги анализиравте (а, по се изгледа сте скокале редови) се доказ за проблемите кои сакаат да се наметнат во училиштето во Подгорци.

    Еве јас, ке ви објаснам , подобро.
    1.Со првиот документ се укажува на незаконитоста од разрешување на директорот во Подгорци, тоа го кажуваат од Подрачната единица за Образование во Струга, а не ние.
    2.Со вториот документ се објаснува -одговорот на министерот за образование за изминатиот период околу формирањето на албанските паралелки и истите да бидат префрлени во Лабуништа (заедно со овие дечиња во Подгорци учеше и твоето), овде станува збор за децата кои останаа во Подгорци, а не за некои кои преминаа во Лабуништа, овие документи излегоа уште кога твоето дете и некои беа во Подгорци на училиште. И оваа одлука од министерот сеуште Важи се додека не ја укине Министерот за Образвание.
    3. Со овој документ (трет) се укажува на тогашниот директор на ОУ Мурат Лабуништи да ги прифати паралелките од Подгорци, значи тогаш и твоето дете премина во оваа училиште, и сето тоа се направи со одлука на тогашниот градоначалник г-дин Рамиз Мерко, кој Вие го поддржувавте (тогаш).
    Ова одлука се уште е со важност.

    И, На крај, прашајте таму кај вас во ОУ Мурат Лабуништи, каде треба да се водат (евидентираат) овие деца во Подгорци, штом веќе напоменавте дека имало комисија за овие паралелки.

    Да не заборавам, го молам Админот во целост да ги објави документите онака како што ги има објавено (односно проверена е нивната веродостојност), и на никого ништо не му се наметнува.

  3. Ве алејкум селам наставник.
    Во ОУ Гоце Делчев од Подгорци имате незадоволни граѓани, кои не го прифатија решението на МО, и кои своите деца продолжија да ги праќаат на школување во Вашето училиште. Изгледа не сте во можност (или не сакате) да си ги согледате проблемите кои се нова појава во ОУ Гоце Делчев! Се работи за ученици кои никако не можат да се доведат во врска со ОУ Мурат Лабуништи. А комисијата ја состави МО. Не ја состави ОУ Мурат Лабуништи – како што Вие овде сакате да потенцирате. Тестирањето може да се одржи во било кое училиште. Од наша страна беше оспорено тоа да се оджи во ОУ Мурат Лабуништи, токму поради доведување во врска на учениците со ова училиште.
    За крај, учениците од албанските паралелки во ОУ Гоце Делчев не се „дезертери“ (не напуштаат настава од ОУ Мурат Лабуништи), и ние од албанските паралелки во ОУ Мурат Лабуништи не сме одговорни за нив и се оградуваме од секое нивно дејствие!
    За крај можам само да сочувствувам со Вас околу збиднувањата со директорското место, а никако не се сложувам со одлуката на Градоначалникот за промена на актуелниот директор г-нот Фадил Исламоски.
    Со почит Мухамед Ајдиноски

  4. Ќе можете ли да ми одговорите што Ве наведе на тоа да тврдите дека учениците од сегашните нелегални паралелки во Подгорци треба да бидат евидентирани во Лабуништа?

  5. Доколку внимателно го прочитате текстот (колумната), во него се тврди дека има ученици кои не се заведени во книгата за евиденција на ОУ Мурат Лабуништи.

    Цитирам:
    „…а истите не доаѓаат ниту пак постои соодветна книга за евиденција…“
    (стои во пасусот над последната слика)

  6. Прво една работа, г -дине Мухамед да ја разјасниме накратко.

    Ние немаме ништо против албанската паралелка во Подгорци, за тоа нека се грижи г-динот градоначалник, нека си побара во МО и ако му одобрат во ред нека функционира.
    Ние се грижиме за нашите деца и нашиот директор кој е на нелегален начин одстранет за што се сложувате и вие. Еве ви факти:
    1.Потписот депониран од г-динот Бранко Плушкоски од страна на централниот регистер е одбиен, а тоа значи дека тој не ги исполнува законските обврски и денес постои за нас Подгорчани само како наставник, впрочем зошто и тој не ги потпиша сведителствата, ама нејсе, наскоро се ке се дознае.

    Друга работа, кога албанските паралелки се префрлуваа во Лабуништа тоа беше одлука од МО и преку поранешниот градоначалник Г-динот Рамиз Мерко истите како евидентирани се префрлија во Лабуништа, заедно со вашето дете кое сеуште учи во лабуништа согласно законските норми и тоа е во ред, ама одредени другарчиња на вашето дете потикнати од нивните несовесни родители решија проблемите да ги префрлат во Подгорци.
    Е, сега според вас.. Би сакал да ми одговорите, дали вашето дете зеде сведителство…. а зошто другите кои се во Подгорци не…,и ако оваа е проблем тогаш зошто и вие како албанец поборник не го оставивте вашето дете во Подгорци.
    За да бидете добро информирани околу комисиите во Лабуништа и каде трбаше да бидат евидентирани овие ученици во Подгорци, штом сте блиски, подобро прашајте го директорот на ОУ Мурат Лабуништи, па потоа изнесувајте факти и забелешки.

    И, според одлуката на МО сите кои сакаа да учат на албански јазик требаа да бидат во Лабуништа и тоа е одлука на Министер, е сега децата што не доаѓале на настава како Вашето, според вас кој треба да им потпише сведителства, и каде треба да бидат евидентирани.????

    И уште еднаш ќе ве молам подобро да ги разгледате-прочитате одлуките кои се изложени, а не да скокате редови.

    А, за проблемот кај нас во Подгорци, ние биди сигурен дека наскоро ќе си го решиме, и тоа ќе биде уште еден наш успех на 95% подгорчани , и дебакал на лицето наведено како ВД Директор, само за пример подсетете се доколку не сте биле мал , што се случи со овој ВД Директор пред 11 години.

  7. Sellam
    I ako site celat ili celime na segashniov gradonacalnik Sela mislam deka pravime golema greshka,no da se navratam na aktuelniov problem so skolovo “nashe”.nemozam da svatam kako gospodinot direktor Fadil i pedagogot Vesna mislam deka se vika,ne dozvoluvaa nitu da apliciraat decata za albanska paralelka ili nastaven jazik na albanski,pa ako ima dovolen broj za formirajne na nova paralelka neka se napravi po zakonski pat,a ne da kazuvaat istite deka takvo nesto nikogas nema da se sluci i nema nikogash da se otvori paralelka na albanski nastaven jazik,i drugo neznam kolku moze gradonacalnik da smeni direktor,kolku so znam g gradonacalnik moze samo da pobara smena na xxxx direktor ,a dali ministersvoto za obrazovanie ili ispektrorat na istiot odlucuva ,so pocit do site
    Sellam

  8. a mislam deka so postavuvajneto na diretkor na ovoj gospodin so e se samo ne podgorcanec ili nikogas mena da se bori za dobroto na podgorcani i za nashite deca kako celina,mislam deka nema nitu eden podgorcanec so ne e ogorcen so postapkata so toj doticen e postaven za vd direktor,i edno prashajne do “NASTAVNIK”
    Kolkavi se shansite da ima kombinirana nastava i dali ima nekoj pobarano za takvo obrazovanie za nashite deca
    SELLAM

  9. Bez razlika za sto se raboti vo slucajov edno e jasno Ovoj ” covek” sto e sega vd direktor go drzi zaloznici 300 deca za da si gi ostvari svoite licni interesi i da im se osveti na podgorcani

    ako ovoj ni e poblizok od dosegasniot direktor togas allah neka ni e napomos navistina sme fatile vo pogresna nasoka

    plus i ovoj vd direktor na krajot ce ve zafrkne i toj znae deka si go mamite umot samo

  10. Поздрав до сите членови кои на некој начин допринесуваат во проширување на оваа дискусија.

    1. Како прво. треба да знаа сите дека, доколку постои можност за Албанска паралелка во Подгорци, тоа ќе беше одамна направено.
    Едноставно ќе се променеше статутот на ова училиште на барање на градоначалникот , истиот ќе се достави до МО и ако од таму одобрат во ред, и ако има услови.
    Ама овде се работи за нешто друго, нешто што се планира од погоре, а ние подгорчаните ќе ја плаќаме цената на нашата заостанатост, би сакал да се надополнам и да го подржам мислењето на членот “Муслиман” и да му кажам дека е во потполно право, одамна веќе тргнавме во погрешна насока, а и на Аллах веќе му се здосадивме со нашиве глупости, па можеби и тој ќе крене раце од нас и че ни рече: па кога не знаете тогаш копајте си ги очите, доста ми е од вас.

    Во подгорци 300 и кусур дечиња учат на македонски јазик како и што зборвет на македонски како и сите ние, ама сепак сме муслимани.
    Ако некои други сметаат дека само Албански јазик се станува Муслиман, тогаш таквите што ги знаеме во Подгорци, нека зборуваат на албански, или пак нека се потрудат да одат на курс по албански јазик.

    Впрочем Би сакал да прашам до сите членови за едно прашање и ке молам вистинските муслимани да ми одговорат:

    Дали може да биде муслиман оној, кој на својот брат муслиман ќе му направи лошо за сметка на некој друг (припадник на друга вера), ако може таквиот да се нарече муслиман, тогаша јас се откажувам од мојата вера, зашто не сакам да бида со таквите заедно…

    Ке ве молам за размислување..

  11. Do NASTAVNIK
    Da ne meshame babi i zabi sega.koj vikat deka ako ne znaes albanski ne si musliman nemat vrska od islam i od zivot.nego mislata mi beshe kolkavi se shansite da se vovede kombinirana nastava na makedonski i albanski
    SELLAM

  12. До наставник.
    Празни муабети.
    Што е со статусот на децата од Фадил Реџоски? Тие посетуваа настава во Велешта. Со изнесеното погоре и нив ги ставате во кош со легалните паралелки во Лабуништа.

    Згора на се, што ако Ви се појават ученици кои во Подгорци ќе побараат паралелки на турски, босански или друг јазик? И тие ли се опфатени со документот на МО за посетување на настава во Лабуништа?

    Треба да се свестите дека имате НОВА појава на нелегални паралелки на албански јазик во Подгорци, од која појава ние се оградуваме. И од Вас бараме да не не мешате нас од ОУ Мурат Лабуништи со ново настанатата ситуација.

    Доколку навистина сте наставник во ОУ Гоце Делчев, не Ви личи да ги испревртувате фактите.

    Доколку сметате дека сте во право и дека го спроведувате законот, Ве прашувам зошто не ги одстарните наставниците и учениците со помош на секторот за ВР од Вашето училиште?
    Како дозволувате покрај „фактите“ на Ваша страна, сеуште да се одвива настава на албански јазик во Вашето училиште?

    Значи, не станува збор за претходната ситуација со паралелките на албански јазик, туку има нова ситуација преку смена на директорот на училиштето да се легализираат (други) албански паралелки.

    Ние од ОУ Мурат Лабуништи, немаме намера да ги вратиме нашите ученици во Подгорци, се додека не созрее ситуацијата. Дури и не лобираме децата да бидат запишувани во Лабуништа. Спротивно од Вас кои физички го СПРЕЧУВАТЕ запишувањето на ученици на албански јазик во Вашето училиште.

    А она со обидот да се повикаш на исламот при вработување на директор не тТи пали; бидејќи Управниот одбор на ОУ Гоце Децчев има вработено еден куп НЕмуслимани кои се на штета на 300 муслимански ученици и на потенцијалните наставници (муслимани) Алмир, Самир, Ариф, Идриз, Денис – па се доведуваш во ситуација членовите на УО да ги прогласиш за неверници.
    Размисли подобро.

    Сигурно ја согледувате причината зошто барам админот да го тргне постов. Објавете ги документите одвоено, и никако не доведувајте ги во врска!

  13. Селам, Еве кака да Ви разјаснам малку, по се изгледа добро не ги сфаќате работите.

    Децата на Фадил Реџоски посетуваат настава во Велешта и таму наставата е одвива на албански јазик, легален законски јазик и нормално едека се е во ред тоа и тие како и твоето дете ке добијат сведителства и се што треба да се евидентирани дека посетуваат настава.

    Покрај тоа, добро прашајте го (вашиот) директор во Лабуништа, односно посочете му ги овие документи кои ги има изложено, и прашајте го каде се евидентирани овие деца, односно каде треба да бидат.

    Никого не прогласувам неверник, и незнам од каде ви испадна тоа, мислам дека кратко размисливте..

    Ама јаде ке ви Објаснам ..
    Кога се отповикав на ислам сакав да кажам дали и Вие се сложувате во (Вашето училиште) потенцирам Ваше, затоа што не знаеш ни кое е твое, затоа што едното ти оди во Лабуништа, а другото во Подгорци. еве на пример малце излегов од контекст, дали се ложувате еве во Лабуништа некои багабонти да доенесат некој си директор од друга вера и тој да раководи со сите дечиња, ете за такви (не) муслимани зборувам, а не за некој во УО одбор на Подгорци, и немојте да обвинувате некого за некакви си вработувања без и било каков доказ.

    За жал сеушт еширите дезинформации, Ајде ако сте маж, кажете со име и презиме, кој спречувал физички да се врши запишување на Албански јазик.

    Друго, да ви објаснам, ако некој сака да учи на накој јазик друг за се си има ред и закон, тргнува од училиштетот,градоначалникот па се до Министерот за Образование, и едно да Ви е јасно, не може училиштето да даде зелено светло за паралелка на било кој јазик, па ниту градоначалникот, освен МО.

    И кога веќе го споменавте училишниот одбор, да ви објаснам уште една работа, дел од нив беа на средба нај градоначаникот , г-дин Зијадин Села, и него многу јасно му се кажа дека Во Подгорци никој нема ништо против Албанските паралелки, нека итиот тој ја подготви потребната процедура, па се од промената на статутот во ОУ Гоце Делчев Подгорци, па се до МО, и работата тука ќе заврши, еве штом работите во Струга, појдете и прашајте го лично.

    А наскоро на овој портал ќе биде објавен и записник од разговорот на представниците со г-динот Зијадин Села, кој веќе го загуби легитимитетот во подгорци, а за тоа ќе се види на следниве избори.

    Претходно не ми одговоривте, зошто и вашето едно дете не го оставивте во Подгорци, па даим помогнете на останатите родители кои бараат нивните деца да учат на албански јазик, а велите кога ќе созрее ситуацијата, море море,,, некој ќе се бори а вие само на готово, е тогаш според овие родители одете си во (вашето) училиште во Лабуништа.

  14. Ве алејкум селам наставник – халали ми што ќе бидам груб.
    Вие не сте живи да шетате. Додека ние си организиравме културни манифестации и прослави во ОУ Мурат Лабуништи, Вие дозволивте да Ви се организираат манифестациите: shtat marsi (денот на албанскиот просветител), dita e abetares (денот на албанската азбука) и dita e flamurit (денот на албанското знаме) – во дворот на училиштето, со транспаренти на кои беше исатакнато името на Вашето училиште!
    Абе не солетени памет! Или и зад овие манифестации стои Мурат Лабуништи!?

    До сега мислев дека сме на иста страна, бидејќи ние од легалните паралелки не се сложуваме со постапките на оние од нелегалните.

    Знајте дека, доколку учениците од албанските паралелки во Подгорци добијат сведителства од ОУ Мурат Лабуништи – за што гледам дека лично се залагате (а нашиот став е спротивениот) – тогаш од септември очекувајте не „рамо уз рамо“ (krah pеr krah) во Подгорци со „нашите“ (мислев дека Вие сте нашите).
    Ние сметавме дека проблемот меѓу нас е надминат, и дека сме заедно против нелегалните паралелки во Подгорци. Очекував да работиме на освестување на родителите кои сеуште ги праќаат децата во Подгорци. Ама Вие секогаш „додавате масло на огнот“.
    Доколку, во евиденција на ОУ Мурат Лабуништи стојат имињата на учениците кои наставата ја посетуваат на албански јазик во Подгорци, Вие кажете ми каде да го пратам моето дете – во Подгорци ли? Од Вашиов муабер произлегува дека јас сум во грешка што го праќам детето во Лабуништа; штом можело да го евидентирам во Лабуништа, а настава да посетува во Подгорци. Ќе тврдите дека е поинаку, па ве прашувам: Зошто тогаш инсистирате воопшто да им се дадат сведителства од ОУ Мурат Лабуништи!? Со ова тврдење Вие се сложувате дека може да се одвива настава во едно училиште, а учениците да стојат во евиденција на друго училиште (истурени паралелки), како што тврдат родителите со кои сега имате проблем. Ако сметате дека ова е решението, заедно да седнеме и да се договориме.
    Ова е вистината на Подгоречкото училиште.

  15. Еве, ова нека биде селам до членот Муха.

    Од наведениве разговори меѓу Наставник и Муха забележувам дека господинот Муха без и било какви причини само врти дека нешто знае ама нема врска, а тоа ќе го поткрепам со следново:

    1. На прашање од Наставник, зошто неговото дете едно е во Подгорци а едно во Лабуништа т.е зошто двете не се заедно, и како може Мурат Лабуништи да биде негово училиште во чије име настапува тој, а Гоце Делчев Подгорци, не иако тука му учи едно дете.

    2. Муха, човекот убаво ти вели цитирам: Ако си маж, кажи по име и презиме кој физички ги спречувал децата да се пишуваат на албански.

    3.Како трето околу податокот, за манифестациите да Ви кажам лично јас, дека воопшто не Ви држат. т.е во кругот на училиштето беа оддржани манифестации, кои немаа врска со оваа училиште, и според вас што требаше да се направи да не им се дозволи, не бе, бате.. овде има и културни луѓе кои не сакаат гужви, тоа е само одлика на некои личности.

    Јас немам врска со училиштето во Подгорци, ама како оние глупи Лабуништани нема да дозволиме да се случи и во Подгорци, т.е нема да дозволиме : на местото на Ариф, Идриз, или Самир или пак на некои наши деца да им се одзеде работата а на нивно место да дојдат од надвор, очигледно е дека вие се ситите на овие настани, ама знај дека кога тога се враќа назад, Прашај го Решат Арсланоски, каква е состојбата со нашите наставници.

    Едноставно како и да е јас живеам во Подгорци и секогаш без разлика дали тие грешат или не че бидам заедно со нив, а нема за ситни интереси, а сите знаат да се продавам на нечији, политики, и знај дека ова што се случува во Подгорци е поддржано од околу 90% Подгорчани, ќе видиш наскоро што ќе се случи, А ти продолжи да го фалиш Мурат Лабуништи, и негираш Гоце Делчев каде сеуште е твоето друго дете.

    Покрај ова знам дека се правиш паметен дека нешто знаеш ама знај дека не е така, сите во Подгорци се знаме кој сме и што сме, а тие кои немаат добар углед или движење со круг на пријатели својата личност ја ретставуваат на други места.

    Исто така знам што сакаш и да одговориш, пас со некои глупости, и затоа му предлагам на членот Наставник, повеќе да не влегува во разговор со тебе.

  16. Ве алејкум селам FromTurkiye.
    Во иднина, кога ќе се наметне и твојот проблем – твоите деца да посетуваат настава на твојот етнички јазик во Подгорци – ќе звучиш исто како мене. 🙂

    Селам до сите кои учествуваа во конструктивнава дебата, се со цел надминување на постоечките проблеми.

    Повикувам на почитување на разликите, и меѓусебна толеранција.

    Селам
    Мухамед Ајдиноски

  17. Do FromTurkiye
    Nemozam da svatam po tvojov nick so branis ili so sakas da kazes,kako prvo mu cestitam na Muha so kaza koj e so saka so ime i prezime,a ti iako go kritikuvash ovde pod nekoj si nick so skrien identitet ce pojdi utre kaj doticniot Muha ce go moli da mu svrshi rabota a poznvajci go dobro na Muhammed siguren sum deka ce ti svrshi sekakva administrativna rab,a dodeka bide obratna situacijata gospodine Turkiye ti nema ni da go poglednesh na Muhammed a ne pak da mu pomognesh so nesto,no da se navratam na problemot,dajte reshenie da se razreshi problemov so nastana i da pokazeme edinstvo i da ne se delime na klanoj,i ednash za sekoga da pokazeme edinstvo i splotenost i da ne potpadzame pod vlijanie na dvata anti podgorecki klanovi ,sellam i se nadevam ne navrediv nikogo

  18. Како Админ на овој портал, и како член на Советот на Родители на оваа училиште, морална обврска мие да го потврдам она што нашиот член (муслиман) го истакна, а тоа дека, пред неколку години беше доставено да се изврши промена на името на оваа училиште, и според мислењето на граѓаните и нивното размислување, оваа училиште беше предложено да го носи името ОУ Подгорци – Подгорци.
    Нај прифатливо за сите оние кои размислуваат како што треба, меѓутоа тоа барање се загуби некаде во хроничните фиоки на поранешниот градоначалник, како и кај овој сегашен, кој на најубав начин на браќата муслимани им го честита месец Рамазан со поставување на директор , кој токму ги порекнува и нарушува чувствата на браќата муслимани на овој градоначалник, ама нејсе, и народот на следните избори ќе знае како и каква честитка да упати..

    Што се однесува до училштето како и да е народот е тој кој ќе одлучи како ќе се вика, зато ашто тука се школуваат нивни деца, а не деца на некои….???

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име