(Видео) Нелегитимниот ВД директор одстранет од канцеларијата на ОУ “Гоце Делчев”-Подгорци.

0

Согледувајќи  и Анализирајќи ги сите претходни настани кои се случуваат во населба Подгорци, веќе неколку недели, а се поврзани со незаконската промена на претходниот  легален директор  г-дин Фадил Исламоски, и незаконскиот начин на кој е поставен (нелегитимниот) ВД Директор г-дин Бранислав Плушкоски, денес на иницијатива на група граѓани поддржани од голем број на невладини организации од Подгорци, во  (10.00) часот  просториите на училиштето беше оддржан собир на граѓанска иницијатива, од жители на оваа населба кои по секоја цена сакаа да му го искажат на (за нив) нелегитимниот ВД Директор своето незадоволство од ваквиот незаконски начин на негово  поставување како ВД Директор.

Во врска со овој настан пред присутните своето незадоволство лично жителите на оваа населба му го искажаа на г-динот Брансилав Плушкоски, и преку него истото незадоволство да му го пренесе и на тие што го поставија г-дин градоначалник Зијадин Села, кој за жал со оваа постапка, веќе го губи легитимитетот кај граѓаните на оваа населба, за оваа постапка која ја спровел и без претходно да се консултира со надлежните органи на оваа училиште, како и до г-динот Абдула Ќазими(Ќазимоски), кој еве како  верско свештено лице (оџа) не најде за сходно да дојде во изминатите денови во оваа населба и да им објасни, зошто ја направиле оваа незаконска активност, или да потсетиме како што велеше тој за време на изборите “Ќе се грижиме за нашите, а не за каурите..  “, па г-дине Абдула, дојдете во Подгорци, и објаснете им на граѓаните да не успеавте Бранко да го преобратите во нешто друго..или сте зборавиле на вашата изјава.. (вака изјави на собирот еден наш жител).

Дека се работи за незаконска процедура веќе е повеќе од јасно, а згора на тоа денес г-динот ВД Директор овој криминал сакаше да го прошири и со разрешување на помошникот на поранешниот директор г-ѓа Весна Чаторошкоска, и на негово место да биде поставен г-динот Џемаил Ибрајмоски., колку успеа во ова ке се види понатака..

По краткото излагање на дел од присутните , како и неговото (лицемерно) излагање беше побарано да ја напушти канцеларијата на легитимниот директор (да го предаде клучот),од истата и да ја напушти просторијата која не му припаѓа.

Господине Бранко, треба да знаете дека живеете во Подгорци, овој народ не ве сака како директор на нашите деца, кажете тогаш што барате тука ????!!

Еве, овде во оваа просторија има народ, а доколку сакате уште повеќе тогаш да дојдеме и утре и да ви докажеме на Вас и тие што ве поставија, па и тие тогаш нека дојдат за да видат што мисли овој народ за нив.. и кој може да зборува во нивно име.. (коментар на еден наш граѓанин)

Овој собир нема никаква политичка позадина, од видео материјалот ќе можете да видете дека ги има од сите партии и националности, ова е знак дека Подгорци и Подгорчани  на својствен начин кога се работи за нешто од интересот на оваа населба, а некој сака да го злоупотреби секогаш ќе наидат на отпор,а за тоа кога и како зависи само од нашиот Возвишен Аллах џ.ш, а тој секогаш ќе ги подржува оние кои се една заедница и кои се борат за доброто на сите или поедници , затоа што правдата секогаш излегува на видело.Ние Подгорчани веруваме во законите на оваа наша заедничка држава, и тоа по овој пат и ќе го решиме. беше истакнато на собирот.

После завршивање на излагањата на присутните, од г-днот Бранислав Плушкоски беше побарано да ја отвори канцеларијата и клучот од истата да му го предаде на претседателот на Училишниот Одбор г-дин Назив Равманоски.

Обидувајќи се со манипулации да докаже дека го нема клучот и други негови трикови, во последен момент ја отвори канцеларијата која ја имаше запоседнато и истата ја напушти без и било какви физички или други недоразбирања од насоббраните граѓани.

Едно треба на сите Браќа да им биде јасно, Подгорци ќе остане во заедница со сите, а на оние кои не им се допаѓа нека бараат друго место, таквите на Подгорчани, не им требаат, и овој клуч му припаѓа како и оваа училиште на сиот Подгоречки народ, и како така и ќе остане,  народот знае која страна ја избира, треба да знаа сите, а оваа е доказ за тоа, нека дојде г-динот градоначалник, да види кој после овој настан ќе го пречека во Подгорци.се истакна на крајот од средбата (граѓанската иницијатива).

Dubai-portal.com.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име