Почитувани, според извори на нашиов портал, веќе извесен период од страна на официјални лица на Општина Струга се превземаат соодветни активности за превземање на на активностите околу стопанисувањето на системот за вода и комунални дејности, од страна на Про Аква – Струга и  Јавното Претпријатие за комунални дејности, на Струга.

Што значи сево ова ??

Тоа значи дека сите активности од оддржувањето,наплатата,и вработувањето ќе биде под директни ингеренции на овие две препријатиа, а за жал Подгорчани кои макотрпно го градеа овој систем, заради интересите и погрешниот начин на одредени лица, во рацете на Претпријатие кои во Општина Струга не функционираат т.е нивните вработени веќе одреден број на месеци немаа примено плата, како и работаа со блокирани сметки, ќе им биде дадено она што со години заедно сме го граделе, и заедно сме ја плаќале изградбата на овој систем.

 

Да потсетиме дека во изградбата на овој систем, Подгорчани учествуваа со 30% тепко заработени пари и 70% беа доделени од државата.

Тука до сите вас се поставува прашањето и добро да размислете, дали ќе помогнете во предавањето на :

1.Аманетот оставен од рахметли Ајдароски Сабит и неговите тогашни соработници,

2.Како и она што го надгради и продолжи во изминатиот период за сите инфраструктурни системи г-динот Мевмед Џемајлоски заедно со своите соработници ( Есад,Емрула,Шериф,Шабан,Исо,Енвер,Сулејман,Назив,Идриз,Бајрам,Ајет,Мирсад)

3 И, најважното, Народот т.е ние,  (без кои системот немаше ни да постои),дали ќе заборавиме  на сите тие маки на нашите татковци и прадедовци, низ што се поминаа за да го имаме оваа денес.

Дали ке дозволиме толку лесно да заборавиме на сето ова?, и за миг да урнеме нешто за што со години сме  расправале и мачеле за да го имама ова што го имаме денес…

Дали ќе имаме толкава храброст за една таква одговорнос пред нашите рахметли, дали ќе дозволиме нашите вработени во ова аустанова да бидат одстранети од работа и на нивни места да дојдат некои се сосема непознати лица… дали тие повеќе ќе го сакаат Подгорци од тие што се тука вработени.. Како на ахирет ќе ми кажеме на нашите кои вложиле труд во оваа, што ќе им кажеме дали ќе имаме лице, пред нив а пред се пред возвишениот Аллах џ.ш.

Јас знам дека таквите се многу малку, и иншала да ги снема, за да го имама она што е наше.

Дали ќе сме (Разија)? да Насер-а, Осман-а,Изет-а,и Сефидан-а, да ги извадиме и да им кажеме: како ќе ви е пишано, барајте си работа.

Е, токму да знаете, овие лица, многу подобро работаат и го оддржуваат водовоните и комуналните услуги од било која Про-Аква или ЈП Комунално струга, затоа што тие за разлика од нив не работаат со загуби, како што го прават другите.

Законот си е закон, а Подгорчани ако треба своето (НЕ) ќе го кажат и на референдум, затоа што ова е нивно и само тие можат да одлучат за неговата судбина.

Колку за потсетување, што може да не снајде доколку замолчиме-замижиме пред оваа неправда што може да ни биде нанесена:

Како изгледа денес во Струга, и како може да изгледа кај нас  една сметка на ПРО-АКВА за едно домаќинство во Подгорци:

ПРО-АКВА:
1 -Цена за потрошен метар кубен вода,канализација,колектор 45 денари.
2 -Цена за собирање на ѓубре во домаќинства и стамбени објекти 3.5 денари по метар на квадрат
3 -Дворно место 2.5 денари по метар квадратен.
 МЕСНА САМОУПРАВА ПОДГОРЦИ:
1 -Цена за потрошен метар кубен вода, 15 денари.
2 -Цена за оддржување на канализациона мрежа 70 ден,паушал по домаќинство.
3 -Цена за собирање на ѓубре и оддржување на хигиена низ улиците на анселено место Подгорци 130 ден.
КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СМЕТКАТА ОД ПРО-АКВА ЗА ПОДГОРЧАНИ
Споредба на услугите и цените за тие услуги во Струга и во Посгорци за едно домаќинство со просечна потрошувачка на вода од 20 метри кубни вода и двор од 200 метри квадратни.
Струга и околните места околу градот кои што ги користат услугите на  Про-Аква и Јавното Комунално Претпријатие ќе треба да платат:
1. 20 (м3) кубни вода х 45 денари = 900 денари
2. 200 (м2) стамбен простор х 3.5 денари = 700 денари
3. 200(м2) дворно место х 2.5 денари = 500 денари
    ВКУПНО = 2100,00 денари. (Оволку ќе треба да му платите на ПРО-АКВА и ЈКП – Струга)
КАКО ИЗГЛЕДА СМЕТКАТА ОД МЕСНА САМОУПРАВА ЗА ПОДГОРЧАНИ
Граѓаните на Подгорци кои ги користат услугите на Месна и Водна Заедница Подгорци:
1.20 (м3) вода х 15 денари = 300 денари.
2. 200 (м2) стамбен простор и канализација оддржување  70 денари паушал
3. 200(м2) стамбен простор собирање на ѓубре 130 денари и оддржување на хигиена
ВКУПНО = 500 денари
Тоа значи дека за сите потреби на едно домаќинство кое живее во Струга како и околните места кои ги користат услугите на ПРО-АКВА и ЈКП-Струга, месечно ќе треба да издвојат за овие потреби 2.100.оо денари, а за истите потреби и услуги  граѓаните на населба на Месната Самоуправа ќе треба да и платат само 500 денари.
Е, па драги мои сожители, размислете дали изворот кој го направивте сами ќе го користите, или пак ќе му го дадете на друг и за тоа да ви наплаќа многу многу…. .

Јас знам само едно.. нема да дозволам друг да се игра со нашиот систем, Осман,Насер,Сефидан, и Изет, да си заминат од работа и друг да го бере медот, а што е најважно никога нема да заборавам на трудот и аманетот што ни го оставиле нашите Прадедовци,(нема да го понижам нивниот труд), а знам дека и повеќето мислат како мене, и моите најблиски.

Би сакале да Ве известиме, дека наскоро на барање на група на граѓани со соодветен потпис (петиција) на нашиов Портал ќе бидат објавени и сите имиња на должници кои не плаќаат – не платиле една или повеќе години, односно не ги подмириле своите сметки.

Почитувани бидете во контактс со нас, И ве молиме за ваши дискусии околу овој проблем кој сака да ни се наметне веќе извесен период.

ДУБАИ-ПОРТАЛ.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име